Лошиот поручник (филм од 1992)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Лошиот поручник“
BadLieutenant.jpg
РежисерАбел Ферара
ПродуцентЕдвард Р. Пресмен
СценаристЗо Лунд
Пол Калдерон
Абел Ферара
НастапуваатХарви Кител
Виктор Арго
Пол Калдерон
Леонард Томас
Робин Бароус
Френки Торн
Викторија Бастел
Пол Хип
МузикаЏо Делија
КинематографијаКен Келш
МонтажаЕнтони Редмен
ДистрибутерAries Films
Премиераноември 20 1992 (1992-11-20)
Времетраење96 минути
Држава САД
ЈазикАнглиски
Шпански
Буџет$1 милиони
Бруто заработка$2 милиони

Лошиот поручник (англиски: Bad Lieutenant) е американски филм од 1992 година во режија на Абел Ферара. Главните улоги ги толкуваат: Харви Кајтел, Виктор Арго, Пол Калдерон, Френки Торн итн.

Содржина[уреди | уреди извор]

Филмот се одвива во Њујорк. Еден полицаец, односно поручник на полицијата (Харви Кител) е целосно заглавен во пороци. Тој има сериозна зависност кон дрогата и кон обложувањето. Поради неговата коцкарска зависност, тој запаѓа и во голем долг кон криминалците поврзан и со неговото неуспешно обложување. Поручникот првин истражува едно убиство што се случило во Бронксот, а потоа е принуден да го истражува случајот на силуваната калуѓерка. Една вечер, тој застанува две малолетнички кои ја возаат колата на татко им без возачка дозвола. Поручникот ги принудува двете да направаат нешто за него за да не ги приведе и да му каже на татко им. Тој ја принудува едната да си го покаже задникот, а другата ја принудува да симулира орален секс, додека тој ужива во тоа. Следниот ден, Поручникот го слуша исповедението на калуѓерката и дознава дека таа ги знаела силувачите, но нема да ги именува, тој тогаш започнува да го преиспитува својот живот. Тој продолжува да користи дрога, но еден ден ја посетува калуѓерката во црквата и му кажува дека ќе ги казни силувачите, но дознава дека таа веќе им простила и тој е запрепастен и не може да го разбере тоа. Поручникот паѓа во очај и зборува на фигура, мислејќи дека е Исус и бара прошка поради неговите гревови, криминали и пороци. Ова фигура е утврдена како жена која држи златна чаша. Таа му помага на поручникот да ги пронајде силувачите и тој ги приведува двајцата силувачи од зградата во шпанскиот Харлем. Наместо да ги однесе во затвор, тој ги носи на автобуска станица и ги принудува да се качаат на автобусот и им наредува никогаш да не се вратаат во Њујорк. Тој пак е очаен, зашто знае дека за него е премногу доцна да се ослободи од гревовите. Откако ќе ги испрати момчињата, неговиот автомобил го пресретнуваат криминалците на кои тој им должи пари и го убиваат.

Улоги[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]