Лина Цалева
Лина Цалева (Ризова) | ||
Родена | 1922 Д’мбени, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, денес во склоп на Грција | |
---|---|---|
Народност | Македонка | |
Занимање | учесник во ДАГ и пејачка на македонски фолклорни песни | |
Сопружник | Кирјако Цалев | |
Мајка | Цвета Ризова | |
Брат | Живко Ризов | |
Сестра | Елена Ризова | |
Сестра | Киља Шмагранова | |
Ќерка | Дочка Цалева | |
Син | Јани Цалев |
Лина Цалева родена Ризова ( 1922 во Д’мбени, Егејска Македонија, Грција — ) — борец во грчката граѓанска војна и членка на групата Костурчанки.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Семејство
[уреди | уреди извор]Лина е правнука на војводата Лазар Поптрајков. Во НОБ и во Граѓанската војна во Грција учествувала од 1943 до 1949 година со целото нејзино семејство. Нејзиниот cопpyr Кирјако Цалев бил командант на коњицата при Генералнит Штаб на ДАГ. Загинал пред нејзините очи на планината Вичо во март 1949 година. Како поторучник на ДАГ во големата офанзива на Грамос во мај 1948 година загинала и нејзината најмала сестра Елена. Во народноослободителното движење учествувале и сестра ѝ Киља и братот Живко, кој од добиените рани во борбите починал во градот Ташкент (СССР). По капитулирањето на ДАГ, таа емигрирала во Полска, од каде во Македонија се вратила со своите две деца и мајка и Цвета Ризова во 1958 година. Ќерка и Дочка е дипломиран инженер-технолог и рабтела во некогашното претпријатие „Maкoтeкc", додека нејзиниот син Јани, е дипломиран економист и работел во претпријатието „Макошпед" - Скопје.[1]
Костурчанки
[уреди | уреди извор]Лина била природно надарена за пеење. Учествувала во групата „Костурчанки" од нејзиното формирање во 1970 година. Таа со нејзиниот специфичен глас ги „кревала" трите вида на песни (влечени, гртени и укани). Активна била во сите зафати и акции на групата, а пеела и во хорот „Борец" од 1978 година.[1]
Често таа знаела да изјави:
„Додека сум жива ќе пеам и играм, бидејќи горчината на животот ја осетив уште на 23-годишна возраст кога ми погина мажот и ме остави со две малечки деца, кои ми беа испратени во домовите по Романија и Полска.”[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Ристески, Стојан (1988). Костурчанки: прилог кон проучувањето на фоклорот од Костурско. Скопје: Наша книга. стр. 49–50. ISBN 978-86-373-0092-2.