Лимпио
Изглед
| Сан Хосе де лос Кампос Лимпиос де Тапуа | |
|---|---|
| San José de los Campos Limpios de Tapúa. | |
| Координати: 25°10′06″S 57°29′39″W / 25.16833°S 57.49417°W | |
| Држава | Парагвај |
| Департман | Централен департман |
| Основан | 1 февруари 1785 |
| Основач | Фријар Луис де Болањос |
| Управа | |
| • Општински управник | Октасијано Клаудио Гомес Берлангиери |
| Површина | |
| • Вкупна | 117 км2 (45 ми2) |
| Население (2008) | |
| • Вкупно | 87,301 |
| • Густина | 23/км2 (60/ми2) |
| Поштенски број | 2020 |
| Повик. бр. | (595) (291) |
Лимпио, порано Тапуа, е град во Парагвај. Градот се наоѓа во Централниот департман. Лимпио е основан на 2 февруари 1785 година од Фријар Луис де Болањос. Оригиналното име на градот бил Сан Хосе де лос Кампос Лимпиос де Тапуа.
Особености
[уреди | уреди извор]За градот се верува дека е еден од првите градови во државата. Лимпио зафаќа површина од 117 км2 и се наоѓа на 23 километри од Асунсион. Во близина на градот е реката Парагвај.
Клима
[уреди | уреди извор]Температурата во градот е слична како и со остатокот од земјата. Максималната температура достигнува до 40 степени на лето, а зимската температура достигнува до 4 степени. Просечната температура на годишно ниво е 23 степени.
Познати мештани
[уреди | уреди извор]- Бенигно Фереира, поранешен претседател на Парагвај (1906–1908).
- Агустин Богарин Аргања, свештеник.
- Фернандо де ла Мора, парагвајски политичар и револуционер.
Наводи
[уреди | уреди извор]- Reportaje al País. Tomo 2. Año 2001.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Лимпио“ на Ризницата ? |
- Midamos Архивирано на 18 февруари 2008 г.
- Viajes a Архивирано на 10 јули 2008 г.
- SENATUR Архивирано на 20 мај 2015 г.
- World Gazeteer: Парагвај[мртва врска]