Лилјани
Лилјани Период: ран палеоген - денес | |
---|---|
Бел крин Lilium longiflorum | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Цветници |
Класа: | Монокотиледони |
Ред: | Лилјановидни |
Семејство: | Лилјани |
Родови | |
Calochortus |
Лилјаните (науч. Liliaceae) — една од основните фамилии на монокотиледонски растенија. Според некои податоци, таа брои околу 250 родови и 3700 видови, правејќи ја трета по големина во рамките на монокотиледоните (по орхидеите и тревите).
Лилјаните се нашироко распространети по Земјата и се особено чести во топлите умерени и тропски региони. Повеќето видови се многугодишни тревести растенија кои поседуваат луковици (или други форми на метаморфозирани корења) од кои се издигнуваат исправени групации на тесни, тревести листови или листести стебла. Неколку видови се дрвенести, а некои се мали дрвја.
Еволутивните врски помеѓу претставниците на фамилијата на лилјани не се јасни, па затоа одредени ботаничари ја делат Liliaceae на неколку посебни фамилии, или, пак, во Liliaceae ги вклучуваат фамилиите на агава, шпаргли и нарциси.
Речиси сите видови на растенија од фамилијата на лилјаните се јадливи, како што се кромидот, лукот и празот, но има и неколку отровни видови.
Морфолошки особености
[уреди | уреди извор]Лилјаните се растенија со паралелна нерватура на листовите (како што се и повеќето монокотиледони), со симетрични (правилни) цветови чии делови се распоредени во два круга по три. Околуцветникот (перигон) се состои од 3 чашкини и 3 венечни ливчиња кои најчесто се идентични по големина и боја. Постојат 6 прашници, кои кај некои видови се без антери. Устенцето на плодникот е исто така триделно.
Лилјаните како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Лилјаните се јавуваат како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Борецот сонува за белите лилјани“ - песна на палестинскиот поет Махмуд Дервиш.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Arapska poezija. Beograd: Rad, 1977, стр. 127.
|