Прејди на содржината

Лика Стојанова Беровска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лика Стојанова Беровска
македонска револуционерка
Родена 1885
Струга, Битолски Вилает, Османлиско Царство
Починала 1955(1955-00-00) (возр. 69–70)
Струга, НР Македонија, ФНРЈ

Лика Стојанова Беровска, (Струга, 1885 - Струга, 1955) — македонска револуционерка која учествувала во Илинденското востание и во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]
Изгледот на Илинденската споменица, чиј носител е Лика Беровска.

Лика била учесник во Илинденското востание, а од 1941 година била дел од НОД. Во нејзиниот дом во Струга биле одржувани состаноци на незаконски дејци, биле собирани лекови и лекувани ранети борци. Била активен курир меѓу окупираниот и ослободениот дел во Западна Македонија во текот на НОБ. Успешно ја извршувала како курир меѓу окупираниот дел на Македонија и слободната територија во Западна Македонија. Носител е на Илинденска споменица и добитник на Орден за заслуга за народ од III степен.[2]

  • Личности од Македонија, П.Карајанов, Скопје, 2002
  1. ↑ Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 993.
  2. ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „БЕРОВСКА, Лика Стојанова“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 148. Text "series " ignored (help)