Ленка Попоска-Гогоска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ленка Попоска-Гогоска
Роден/а1 февруари 1940(1940-02-01)(84 г.)
Битуше
НационалностМакедонија
НародностМакедонка
ЖанрПисателка, педагог, професор

Ленка Попоска-Гогоска (1 февруари 1940, с. Битуше) — македонска писателка, магистер по педагошки науки и професор во пензија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ленка Попоска-Гогоска е родена во село Битуше, тогашна Дебарска околија, како последно дете во многудетното семејство на учителот Исаија Попоски. На 12 годишна возраст, се преселила во Скопје каде завршила основно и средно образование, Учителска школа. Потоа била распределена да биде учителка во селото Пожаране, Гостиварско. Со учителствување продолжила во родното село, а потоа и во Гостирвар. Дипломирала на Педагошката Академија и Педагошкиот факултет во Скопје, каде продолжила со работа.

Автор е на над 30 книги од областа на педагогијата,[1] меѓу кои учебниците „Педагогија“ и „Дидактика“.

Преведува дела од српски и хрватски, а има објавено и збирки раскази и поезија.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Од белетристика, Ленка Попоска-Гогоска ги има издадено книгите:

  • Клуч - трилогија
  • Љубов во пајажина - роман
  • ЕР –ха негатив - роман
  • Нерамнини - поезија
  • Повеќе од мајка - роман
  • Шапат истине - роман на српски јазик[2]

Наводи[уреди | уреди извор]