Лемило

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лемило

Лемило[1] или летком[2] – вид алат кој служи за топење некој лесно топлив метал заради спојување. Лемилата најмногу се користат за инсталации, поправки или производство во ограничени количини.[3] Производството во големи количини користи други методи.

Видови лемила[уреди | уреди извор]

Лемилата се дела според можностите за фино лемење како и технологија и можностите кои ги поседува.

Класични лемила[уреди | уреди извор]

Овие лемила се состојат од метален врв кој може да достигне соодветна температура и рачка. Рачката најчесто се изработува од некој вид пластика која има изразита топлинска изолација. Снагата на ваквите лемила најчесто е меѓу 15 и 40 W.[4]

Батериски лемила[уреди | уреди извор]

Овие лемила се многу слични со претходните. Основната разлика е што имаат батериски извор на напојување, па имаат многу ограничена примена. Овде може да се додадат и лемилата кои температурата ја добиваат со согорување на некој гас. Истите често се именуваат како гасни лемила.

Лемила со регулација на температурата[уреди | уреди извор]

За разлика од обичните лемила овој вид поседува и регулатор на температурата. Ова е многу битно заради тоа што електронските компоненти не се еднакво осетливи на температура. Овие лемила како регулатор на температура може да користат термостат. Ваквите лемила многу често се прават во облик на пиштол и како „ороз“ е поставен прекинувач со кој врвот се вклучува само во моментот на користење.[5]

Работни станици за лемење[уреди | уреди извор]

Работна станица за лемење

Станиците за лемење покрај стапот за лемење имаат и база на која се дотерува температурата. Исто така, најчесто покрај базата се наоѓа и држач на кој може да се стави врелиот врв од лемилото. Заради можноста за фино дотерување на температурата овие лемила се користат во високопрофесионалните сервиси за електрични уреди. Станиците често може да имаат итн. дувалки, односно вид лемило кое користи топол воздух за лемење на компонентите на печатеното коло. Ова е особено погодно за електронските компоненти со површински контакт.[6].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]