Прејди на содржината

Лек (филм од 1917)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лек (англиски: The Cure) - американски филм од 1917 година, во режија на Чарли Чаплин, кој е автор и на сценариото и ја игра главната улога, заедно со Една Пурвианс (Edna Purviance), Ерик Кембел (Eric Campbell), Алберт Остин (Albert Austin), Џон Ренд (John Rand) и Хенри Бергман (Henry Bergman).[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден алкохоличар (го игра Чаплин) пристигнува во бања, но уште при самото доаѓање прави серија проблеми: го заглавува еден човек со гипс на ногата (го игра Кембел) во вратата, одбива да пие од лековитата вода итн. Со себе, тој носи огромен куфер, полн со алкохол од кој се опијануваат болничарите. Потоа, тој успева да ја спаси една девојка од нападното додворување на човекот со ногата, по што предизвикува караница меѓу него и еден друг гостин. Во продолжение, тој се бори и тепа со масерот (го игра Бергман), но вистинската сплетка настанува кога болничарите го откриваат алкохолот во неговиот куфер и по грешка ги фрлаат шишињата во бунарот со лековита вода. Тоа предизвикува сите гости во бањата да се опијанат, а само тој и девојката се трезни. Таа не знае дека во водата има алкохол и го замолува да се напие, а тој испива цел бокал и повторно се опијанува. Така пијан, тој ненамерно го турка човекот со гипс во бунарот.[1]