Кукларство во Словачка и Чешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марионети во музејот на марионети, Чешки Крумлов
Куклар на Карлов мост, Прага

Кукларството во Словачка и Чешка претставува форма на традиционална забава, но и начин на пренесување на визија за светот и образовно средство со пораки за морални вредности кај населението во овие земји. Ова е причината зошто оваа уметност во 2016 година била вклучена во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот.[1]

Куклите, на реални или измислени ликови, најчесто се направени од дрво и анимирани со различни методи. Првите изведувачи биле семејства на патувачки куклари, чии изведби подоцна добиле локални влијанија, користејќи во главно комични фигури со различни карактеристики.

Куклениот театар е составен дел на словачката и чешката локална театарската и литературната традиција. Исто така, игра важна улога во социјализацијата, помагајќи им на изведувачите да се развијат како креативни мислители и да научат да соработуваат, да комуницираат и да го зајакнат нивното чувство за идентитет во општеството. Обележувањето на традиционалните обреди и свечените настани како празници, пазари и саеми, куклените претстави се изведуваат на многу различни начини денес, но сепак црпат инспирација од традицијата. Учесници се куклари, драмските писатели, изработувачи на куклите и костимите, како и сценографи. Вештините се пренесуваат во заедниците за изведување, како и преку работилници водени од непрофитни организации и музички и уметнички училишта. Во Словачка, оваа уметност се пренесува и во традиционалните куклени династии.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Puppetry in Slovakia and Czechia na službenim stranicama UNESCO-a (англиски) Preuzeto 30. srpnja 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]