Крик и бес (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Крик и бес“ (англиски: The Sound and the Fury) – филм на режисерот Мартин Рит (Martin Ritt) од 1959 година. Автори на сценариото се Ирвинг Равеч (Irving Ravetch) и Хариет Френк Помладиот (Harriet Frank Jr.), а главните улоги ги играат: Јул Бринер (Yul Brynner), Џоан Вудворд (Joanne Woodward) и Маргарет Лејтон (Margaret Leighton). Филмот е делумно заснован врз истоимениот роман на Вилијам Фокнер од 1929 година.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Семејството Компсон од Џеферсон во сојузната држава Мисисипи, кое во минатото уживало голем углед, поради раскалашениот живот е дојдено речиси до просјачки стап. Разумниот Џејсон (го игра Бринер) се обидува да го одржи семејството, но неговата полусестра, тинејџерката Квентин (ја игра Вудворд) се спротивставува на неговите правила. Кога нејзината мајка (ја игра Лејтон) ќе се врати во градот, работникот во забавниот парк, Чарлс (го игра Витман) се обидува да ја заведе Квентин и тогаш се случуваат неколку настани кои се закануваат конечно да го уништат семејството....

Наводи[уреди | уреди извор]