Прејди на содржината

Крвна одмазда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зацврстената кула која се користи како безбедно засолниште за мажи вклучени во крвната одмазда.

Крвна одмазда — социјална обврска да се изврши убиство со цел да се спаси честа поттикната од страна на претходно убиство или морално понижување. Оваа практика генерално се практикува во согласност со албанскиот социјален код познат како Канунот на Лек Дукаѓини, или едноставно Канун.

Имаше заживување на случаи на крвна одмазда во оддалечените северни делови на Албанија и Косово кое се должи на недостаток на државна контрола од падот на комунизмот. Албанскиот хелсиншки комитет смета дека една од причините за сеприсутноста на крвната одмазда е нефункционирањето на судскиот систем во земјата. Многу Албанци сметаат дека судовите се корумпирани или неефикасни, и претпочитаат пореална самоуправа понудени од страна на придржување кон Канунот.

Исмет Елези, професор по право на Универзитетот во Тирана, верува дека и покрај одобрувањето на крвна одмазда од страна на Канунот, постојат строги правила за тоа како практика може да се извршува. На пример, убиствата на жени, деца и постари лица се забранети. Други веруваат дека Канунот нагласува помирување и мировен процес, и дека селективно толкување на неговите правила е одговорно за сегашното крвопролевање.

Албанскиот писател Исмаил Кадаре смета крвната одмазда не треба да биде исклучиво албански феномен, туку историска одлика на Балканот во целина. Неговиот роман Скршениот април (албански: Prilli i Thyer) ги истражува социјалните последици на крвната одмазда меѓу две семејства сопственици на земјиште. Бразилската филмска адаптација на романот под наслов Зад Сонцето (португалски: Abril Despedaçado) пренесува акција од рурална Албанија во бразилските пустински предели, но на друг начин темите останаа недопрени. Американско-албанскиот филм The forgiveness of blood, исто така се занимава со последиците од крвна одмазда на семејствата во оддалечените области на денешна Албанија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]