Прејди на содржината

Крајот на прекрасната епоха

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Крајот на прекрасната епоха“ (руски: Конец прекрасной эпохи) – филм на режисерот Станислав Говорухин од 2015 година. Говорухин е автор и на сценариото, заедно со Сергеј Довлатов. Главните улоги ги играат: Иван Колесников, Сергеј Гармаш, Федор Добронравов, Дмитри Астрахан, Светлана Ходченкова, Јулијан Макаров и Лембит Улфсак. Филмот ја освоил руската награда „Златен орел“ во неколку категории: најдобар режисер, најдобра машка споредна улога (Атсрахан), најдобра сценографија (Валентин Гидуљанов) и најдобра костимографија (Наталија Монева), а бил номиниран и за најдобар долгометражен игран филм и за најдобар глумец (Колесников).[1]

Станислав Говорухин

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Младиот новинар и писател Андреј Лентулов, познат по вистинољубивоста, слободоумноста и бескомпромисноста, го повикуваат да се пресели од Санкт Петербург во Талин за да пишува за тамошните весници. Таму, Андреј започнува љубовна врска со уредничката Марина, но има и неколку други кратки врски. Истовремено, тој продолжува остро да ја напаѓа власта...

  1. Kraj divne epohe, ruski film (2015.) (пристапено на 30.10.2022)