Краток работен ден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Краток работен ден (полски: Krótki dzien pracy) — полски филм од 1981 година, во режија на Кшиштоф Кишловски, кој е и коавтор на сценариото, заедно со Хана Крал. Главните улоги ги играат: Вацлав Улевич, Лех Гжмочински, Тадеуш Бартошик, Марек Кепински итн. Филмот е снимен според вистински настани, а бил прикажан дури во 1996 година.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива на 25 јуни 1976 година. Еден ден по одлуката на полската влада да ги зголеми цените на месото и на месните производи, работниците од метаулргиската фабрика започнуваат штрајк и се собираат пред зградата на партијата. Покраинскиот партиски секретар (го игра Улевич) се наоѓа во голема дилема околу тоа како да постапи: од една страна, тој сака да го спаси својот образ пред работниците и да покаже дека се грижи за исполнување на нивните барања, а од друга страна бара поддршка од повисоката власт. Состојбата се влошува кога штрајкувачите влегуваат во зградата при што е загрозена и неговата лична безбедност. За да ги смири работниците, тој се јавува во Варшава, но централната власт нема намера да ја повлече својата одлука. Во последен миг, во зградата доаѓа началникот на полицијата кој го извлекува партискиот секретар. Во меѓувреме, филмот содржи кратки сцени кои ја прикажуваат судбината на главните организатори на штрајкот, кои се уапсени и осудени.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]