Краток мир
Краток мир (ショート・ピース , Shōto Pīsu) е мултмедиjален проект сочинет од четри кратки аниме филмови продуцирани од Sunrise и Shochiku, и една видео игра развиена од Crispy's! и Grasshopper Manufacture.[1][2][3][4] Четирите филма биле објавени во јапонските театри на 20 јули 2013 година а во Северна Америка биле прикажани во април 2014 година. Sentai Filmworks ги лиценцирале филмовите за Северна Америка. Видео играта во јануари 2014 година била објавена во Јапонија, во Европа била објавена во април, а во септември истата 2014 година била објавена во Северна Америка.[5] Физичката форма на играта објавена во Јапонија во себе ги вбројувала четирите анимирани кратки филма наменети како бонус.
Кратки филмови
[уреди | уреди извор]Секвенцата на отворањето прикажува една млада девојка која следи бел зајак низ различни магични светови. Создаден е од Коџи Моримото.[6] Потоа следат четирите кратки филма:
Поседувања
[уреди | уреди извор]- 九十九 (Tsukumo )[7]
- Осамен патник е заглавен во бура, и наоѓа напуштено светилиште кога ќе му одлета капата. Тој се засолнува внатре, каде што открива мал олтар и некои стари придонеси. Заспивајќи, тој се буди да се најде во мала соба, опкружен со насликани лизгачки екрани. Необични духови почнуваат да доаѓаат низ ѕидовите. Патникот го отвора преносливиот ормар што го носел, откривајќи асортиман на алати за кроење. Тој продолжува да ги поправа предметите за духовите, кои изгледаат задоволни. На крајот, тој присилно ја отворил последната врата од екранот, предизвикувајќи врз него да падне планина со стари предмети. Предметите се собираат во форма на чудовиште, испуштајќи непријатен мирис. Монструмот маршира кон патникот, кој ги затвора очите и ги притиска рацете, предизвикувајќи старите предмети да летаат покрај него. Кога ги отворил очите, открил дека се вратил во напуштеното светилиште и дека сонцето изгреало. Стоејќи, патникот забележува стари талисмани малтерисани на sидовите на светилиштето. Додека излегувал надвор, забележал дека неговата капа, заедно со неколку предмети што ги поправил за духовите, биле оставени надвор за да ги земе.
- Во режија на Шухеи Морита.
Запалив
[уреди | уреди извор]- 火要鎮 (Hi no Yōjin )[7]
- Дејствието е сместено во периодот на Едо, Овака, млада аристократска жена, треба да се посврши со еден богат додворувач. Сепак, нејзината вистинска љубов лежела кај нејзиниот пријател од детството Мацукичи, убав и бунтовен млад човек од соседната куќа. Три дена пред нејзината венчавка, Овака е во нејзината соба, гледа над свадбените подароци, и едно прекрасното кимоно кое виси на решетка. Во својот очај, таа фрла преклопена лепеза низ собата, која што слетала внатре во стоечка ламба. Лепезата се запалила, а пламенот почнал да се шири преку вратите. Овака повикува помош, но решава да се затвори во нејзината соба по еден долг поглед кон прекрасното кимоно. Огнот се шири низ зградата, и брзо го зафаќа целото соседство. Пожарникарите, меѓу нив и Мацукичи, брзаат на местото на настанот и започнуваат со уривање на околните згради во обид да ја ограничат вжареноста. Мацукичи ја гледа Овака како стои на врвот на покривот, покривајќи се со прекрасното кимоно. Тој ја повикува, предупредувајќи ја да не се качува на блиската кула. Но, опкружена со оган, Овака нема друг избор и сепак се искачува. Огнот стигнува до неа, а кулата се крева во пламен. Прекрасното кимоно е фрлрно да лета на небото, сè уште горејќи.
- Оваа приказна најверојатно била инспирирана од Големиот оган на Меиреки, за кој се вели дека е предизвикан од проколнато кимоно. Во режија на Катсухиро Отомо.
Гамбо
[уреди | уреди извор]- Повреден христијанин самурај гледа во Гамбо, мистериозна бела мечка, која се оддалечува без да го убие. Наскоро потоа, Гамбо гледа огнена лента како се спушта од небото. Во блиското село, неколку луѓе се молат и се грижат за џиновски, црвен хуманоид кој наликува на они, јапонски огaр. Тој бессознано е на подот, облечен во шиња и скршени потпирачи на зглобовите и вратот. Началникот на селото вели дека секоја вечер му се нуди една млада девојка на огарот, така што тој нема да го напаѓа селото, бидејќи оружјето на селаните е неефикасно против него. Огарот се буди и ги убива селаните кои се грижат за него. Вознемирен, началникот на селото го моли христијанскиот самурај да го улови и убие огарот, пред тој да се врати да ја побара ќерката на царот, последната девојка во селото.
- Ќерката на царот трча во шумата, каде што се среќава со Гамбо, кој се чини дека ги разбира мислите на младата девојка. Сочувствувајќи со нејзиниот очај, Гамбо тргнува да се спротивстави на црвениот огар. Тој пристигнува на местото на една чудна урнатина, каде што лежи голема половина органска, половина метална творевина, тлее меѓу трупови на животни и жолти лиги. Гамбо влегува во творевината и наоѓа човечка жена врзана за кибернетски лак, неприродно бремена со неколку фетуси слични на јајце. Во бес, Гамбо ја распарчува внатрешноста на конструкцијата, предизвикувајќи експлозии што ја уништуваат целата творевина. Огарот се вратил и кога го видел неговиот уништен објект, во бес го напаѓа Гамбо. Двајцата се борат, но огарот е многу посилен. Следејќи ја мечката, христијанскиот самурај интервенира во нивната борба. Верувајќи дека огарот е демон, тој му зарива копје во грбот и го удира со мечот, но малку му штети на неговото масивно тело. Ќерката на императорот скокнала од своето скривалиште, привлекувајќи го вниманието на огарот, кој трча кон неа. Пред да стигне до неа, Гамбо го напаѓа огарот одзади, и двајцата се борат на земја. Се појавуваат војници од Шогунатот, кои го напаѓаат огарот со пушки и стрели, но без резултат. Со својата преостаната сила, Гамбо го крева огарот во воздухот, цврсто држејќи го за половината, додека неговите канџи тонат во стомакот на огарот, искривувајќи го и убивајќи го. Гамбо паѓа на земја, и умира од повредите. Камерата излегува, покажувајќи патека од уништени дрвја каде вселенското летало на огарот се урнало во планината.
- Во режија на Хироаки Андо.
Збогум со оружјето
[уреди | уреди извор]- 武器よさらば (Buki yo Saraba )[7]
- Тоur-de-force сага со луѓе кои се борат против роботски тенкови во апокалиптичен Токио, во режија на Хајиме Катоки и заснована на истоимената манга на Кацухиро Отомо од 1981 година.[8]
Видео игра
[уреди | уреди извор]Краток мир: Најдолгиот ден на Ранко Цукигиме, позната во Јапонија како Short Peace: Tsukigime Ranko no Ichiban Nagai Hi е игра со платформа со странично движење во режија на Јохеи Катаока и објавена од Бандаи Намко Игри за Плејстејшн 3.[9] Приказната за играта е напишана од Гоичи Суда. Играта ја следи титуларната хероина, ученичка-атентатор, која има за задача да го убие сопствениот татко.[4]
Играта ги става играчите во улогата на истоимената Ранко Цукигиме, додека таа се натпреварува низ нивоа обидувајќи се да надмине бран духови кои ја бркаат. Основното маневрирање на Ранко и овозможува да скока, да лебди низ долгите празнини, да се лизга под препреките и да скока од sидовите. Ранко, исто така, има опција за напад, со која може да уништи непријатели, како и да рефлектира непријателски оган. Со уништување на непријателите, играчот може да предизвика верижни реакции кои можат автоматски да уништат други непријатели во близина. Заедно со некои области со кои се бара од играчите да ги поразат сите непријатели во одредена област за да напредуваат, поразот на непријателите исто така помага да се полни муниција за огненото оружје што може да се искористи за да се одвратат духовите што ја следат хероината во случај да се приближат премногу.[10]
Концепт
[уреди | уреди извор]Идејата зад „Краток мир“ била хибриден проект составен од четири аниме кратки филмови и една видео игра. Главната тема на проектот е Јапонија, при што секој запис претставува различен период во историјата на земјата. Бидејќи модерната ера не била претставена во анимето, тимот одлучил да ја претстави со помош на видео играта. Одлуката да се одонесат четирите аниме, како и играта на запад, била донесена уште во почетокот на производството.[11]
Прием
[уреди | уреди извор]Запалив ја освоил Големата награда на 16-тиот Јапонски медиумски уметнички фестивал[12] и наградата Ōfuji Noburō во 2012 година на Маиничи филмските награди.[13]
Цукумо, под наслов Поседувања, бил номиниран за најдобар анимиран краток филм на 86. доделување на Оскарите.[14]
Филмот заработил 622.049 US$ до 4 август 2013 година.[15]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Japanese Box Office, August 10–11“. Anime News Network. 19 август 2013. Посетено на 18 ноември 2020.
- ↑ „Akira's Otomo Presents 4 New Promo Videos for Short Peace“. Anime News Network. 6 јули 2013. Посетено на 18 ноември 2020.
- ↑ „SHORT PEACE“. eiga.com (јапонски). Посетено на 18 ноември 2020.
- ↑ 4,0 4,1 Ingenito, Vince (30 јануари 2014). „The Side-Scrolling Brilliance of Ranko Tsukigime's Longest Day“. IGN. Архивирано од изворникот на 2014-04-29. Посетено на 18 ноември 2020.
- ↑ „Short Peace From Akira's Katsuhiro Otomo Gets U.S. Screenings“. Anime News Network. 26 февруари 2014. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ „Short Peace (2013) - Full Cast & Crew“. IMDb. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 „Akira's Otomo Unveils Short Peace Trailer Before Home Release“. Anime News Network. 19 септември 2013. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ Komatsu, Mikikazu (November 5, 2013). „Katsuhiro Otomo Draws New Cover for His "A Farewell to Arms" Manga“. Crunchyroll (англиски). Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ „Short Peace and Ranko Tsukigime's Longest Day Announced for the Americas“. Anime News Network. 30 јануари 2014. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ http://www.gamesradar.com/suda-51s-latest-ps3-game-short-peace-proper-bonkers/
- ↑ Ward, Robert (2014-04-29). „Ranko Tsukigime Interview: "Wow. The creators of this game must be crazy."“. Siliconera. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ „Otomo's 'Combustible' Anime Short Wins Media Arts Award“. Anime News Network. 2012-12-13. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ „Wolf Children, 'Combustible' Win at 67th Mainichi Film Awards“. Anime News Network. 2013-02-07. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ „Miyazaki's The Wind Rises Nominated for Animated Film Oscar (Updated)“. Anime News Network. 2014-01-16. Посетено на 19 ноември 2020.
- ↑ „Japanese Box Office, August 3–4“. Anime News Network. 11 август 2013. Посетено на 19 ноември 2020.