Кравјо виме (габа)
Кравјо виме (габа) | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Lactifluus |
Вид: | Кравјо виме (габа) |
Научен назив | |
Lactifluus vellereus (Fr.) Кунце (1891) | |
Синоними | |
Agaricus vellereus Fr. (1821) |
Кравјо виме | |
---|---|
Миколошки одлики | |
ресички на химениумот | |
дршката е гола |
Кравјо виме (лат.Lactifluus vellereus (порано Lactarius vellereus ) е прилично голема габа од родот Млечки (печурки) Таа е една од двете најчести млечни печурки пронајдени со букови дрвја, а другата е Lactarius subdulcis.
Таксономија и систематика
[уреди | уреди извор]Кравјо виме е еден вид од неколкуте северно умерени печурки со млечни шапки кои припаѓаат на родот Lactifluus кој е одвоен од Млечки (печурки) на филогенетска основа. Неговиот најблизок вид е L. bertillonii, со кој формира прилично изолиран клад во родот.[1]
Опис
[уреди | уреди извор]Како и другите печурки од семејството Russulaceae, Кравјо виме плодното тело на кравјо виме има ронливо, наместо фиброзно месо, и кога е скршено,печурката испушта млечен латекс. Зрелите шапки се бели до крем, во облик на инка и до 30см. во пречник. Има цврсто месо, а дршката што е пократка од телото на плодот е широка. Нејзините жабри се прилично оддалечени (доста далеку), декурентни, и тесни, и имаат кафена дамка од млекото кога се сушат. Отпечатокот на спорите е со бела боја.[2]
Lactifluus bertillonii е тесно поврзан и многу сличен, но има полуто млеко. Друг сличен, но филогенетски далечен вид е Lactarius controversus, кој се разликува главно по неговите бели жабри и недостатокот на розови шари на горната капа.
Распространетост и живеалиште
[уреди | уреди извор]Печурката се наоѓа во листопадни шуми, од крајот на летото до почетокот на зимата.Ја има во Британија и Европа.
Јадливост
[уреди | уреди извор]Млекото само по себе има благ вкус, но луто е кога се вкусува заедно со месото. Се смета дека не може да се јаде поради неговиот вкус на лута пиперка.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Список на видови Млечки (печурки)