Кошон
Наречен и: Остров на свињите | |
---|---|
Сателитска снимка на островот | |
Географија | |
Место | Индиски Океан |
Координати | 46°06′S 50°14′E / 46.100° ЈГШ; 50.233° ИГД |
Архипелаг | Крозеови Острови |
Површина | 67 км2 |
Должина | 10 км |
Ширина | 9 км |
Највисоко место | 770 м |
Највисока точка | Мон Ришард-Фој |
Држава | |
Демографија | |
Население | 0 |
Кошон (француски: Île aux Cochons) или Остров на свињите е ненаселен остров во Индискиот Океан, дел од групата на Крозеови Острови. Во рамките на архипелагот, островот е трет најголем остров со вкупна површина од 67 км2. Административно, островот е дел од Француските јужни и антарктичи земји.
Географија
[уреди | уреди извор]Кошон е најзападен остров во архипелагот. Кошон е на 30 километри северозападно од островот Пингуин и на 15 километри југозападно од островот Апотр. островот всушност е еродирана вулканска купола и неактивен кратер. брегот на островот е составен делумно од ниски сртови. На островот има животни кои не се автохтони, донесени се, и такви се мачките, глувците и стаорците. На островот биле донесени и свињи, од кои потекнува името, но тие биле искоренети. На островот нема конструкции направени од човек и ретко е посетен од луѓе.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Кошон сликан во периодот од 1885 и 1911.
-
Кошон сликан во периодот од 1885 и 1911.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Weimerskirch, Henri; Bouard, Fabrice Le; Ryan, Peter G.; Bost, C. A. (August 2018). „Massive decline of the world's largest king penguin colony at Ile aux Cochons, Crozet“. Antarctic Science (англиски). 30 (4): 236–242. doi:10.1017/S0954102018000226. ISSN 0954-1020.