Кочо Урдин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кочо Урдин е раскажувач, романописец и драмски писател. Роден е на 4 јули 1930 година во Струмица. Студирал литература во Белград и Скопје. Завршил Висока школа за политички науки во Белград. Бил директор на Народниот театар „Антон Панов“, основоположник на Работничкиот универзитет, Ликовната галерија, Интернационалната ликовна колонија и Музејот во Струмица. Член на ДПМ од 1962 година. Добитник е на наградата на театарските игри „Војдан Чернодрински“.

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

  • Струмица се бори (хроника, 1954)
  • Смеа низ сокаците (хумористични раскази, 1960)
  • Љубов зад решетки (хроника, 1961)
  • Смелата дружина (роман за деца, 1971)
  • Благој Мучето (хорника, 1975)
  • Афоризми (1975)
  • И кога мислиш размислувај (афоризми, 2000)

Во 2000 година излегува збирката Драми:

  • Во виорот на страста,
  • Мистериозна ламја
  • Диви
  • Дамка.