Коронарен стрес тест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коронарен стрес тест
Медицинска процедура
ICD-9-CM89.4
MeSHD025401
MedlinePlus003878

Коронарен стрес тест е испитување на работата на срцето при напор што се користи за дијагноза на исхемична срцева болест. Се состои од изведување на медицински мониторирана континуирана физичка активност чиј интензитет постепено се зголемува. Притоа се следи работата на срцето преку електрокардиограм. Тој е одличен тест за дијагноза на коронарна артериска болест, особено за ангина пекторис, кога сѐ уште не се јавиле симптоми.