Корисник:Drgshum

Од Википедија — слободната енциклопедија
Заедничка фотографија од обуката

Јас сум Драган Ѓоргиев од Штип.

Вработен во Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип.

Вовед[уреди | уреди извор]

Национална установа - Универзитетска библиотека „Гоце Делчев“-Штип е библиотека која опслужува многу корисници.

Покрај „класична“ библиотека има и инфобус кој е „теренска“ библиотека односно подвижна библиотека.

Историјат[уреди | уреди извор]

Порано[уреди | уреди извор]

НУУБ „Гоце Делчев“-Штип денес е институција од отворен тип. Работи со две примоиздајни одделенија (за деца и возрасни) со одделение за обработка на монографски публикации и периодика, депозитна литература, роднокрајно одделение, француска читална, мултиетничка библиотека, со одделение за издавачка дејност.

Сега[уреди | уреди извор]

Во склопот на библиотеката работи и Медиотека која отвора можност за соработка со училиштата за реализирање на наставни програми преку различни медиуми.

Подоцна[уреди | уреди извор]

???

Инфобус[уреди | уреди извор]

Инфо-бусот е патувачка информатичка библиотека вградена во автобус, која патува од едно место во друго. Таа е библиотека во мало. Посетува 14 села и 5 приградски населби од општините Штип и Карбинци;

населбите: Македонка, Три Чешми, Балканска, Железничка и Пребек.

селата: Карбинци, Аргулица, Таринци, Калаузлија, Парналија, Јунузлија, Долни Балван, Крупиште, Чардаклија, Радање, Караорман, Радање, Лакавица и Селце;

со приближна вкупна популација од 20000 жители.

Одделенија[уреди | уреди извор]

Одделение за деца

Овде се примоиздава детска литетаратура и претставува детска библиотека. За членовите обезбедува книжен фонд од 4900 наслови или 49000 вкупен книжевен фонд. Претражувањето е преку два информативни каталози, тематски или насловен и азбучен каталог. Пристапот на читателите до бараната книга е слободен. Ова одделение го опслужуваат два библиотекара.

Одделение за возрасни

На корисниците нуди над 25600 наслови или вкупен книжен фонд од 40000 примероци и околу 300 наслови периодични публикации. Пребарувањето е преку два каталога, покрај основниот: азбучен и предметен. Ова одделение го опслужуваат два библиотекари.

Одделение за студенти

Студентската читална нуди над 540 наслови на книги од областа на правото, информатиката, медицината, економијата, земјоделието, криминалистиката, општообразовни теми и др.