Корисник:DimkovaSD/Рејчл МекАдамс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рејчл МекАдамс
Податотека:Rachel McAdams 3, 2011.jpg
МекАдамс на премиерата на Sherlock Holmes: A Game of Shadows, декември 2011г.
Роден(а)Rachel Anne McAdams
17 ноември 1978(1978-11-17)(45 г.)[1]
London, Ontario, Canada
Алма матерBachelor of Fine Arts at York University
ЗанимањеАктерка

Рејчл Ен МекАдамс (родена на 17 ноември 1978г.) е канадска актерка. По дипломирањето на York University, на катедрата за театар со 4 години, во 2001г, МекАдамс започна да работи во Канадска телевизија и продукција на филм како што се Моето име е Танино (My name is Tanino), Совршена пита (Perfect Pie ), за коишто беше номинирана за Genie Award и Slings and Arrows (за којшто доби Gemini Award). Нејзиниот прв филм комедија беше Жешката девојка (The Hot Chick) во 2002г. МекАдамс стана славна во 2004г. покрај тинејџерската комедија Злобни девојки (Mean Girls) и романтичната драма Страници за нашата љубов (The Notebook) . Во 2005г., таа се појави во романтичната комедија Расипувачи на венчавки (Wedding Crashers), психолошкиот трилер Црвено Око (Red Eye), и семејната драма Семејството Стоун (The Family Stone). Медиумите ја нарекоа нова холивудска атракција, и беше номинирана за Најдобра нова ѕвезда на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (BAFTA).

Сепак, МекАдамс се повлече од сцената во 2006г. и 2007г. Во тој период таа одби главни улоги во популарни филмови како што е Ѓаволот носи Прада (The Devil Wears Prada). Почна да работи малку во 2008г., глумејќи во два филма со ограничен број на премиери: црната криминалистичка драма Брачен живот (Married Life), и патувачкиот филм Среќниците (The Lucky Ones). Нејзината слава се зголемува во 2009г. со појавувањето во политичкиот трилер Како стојат работите (State of Play), научно-фантастичната романса Жената на временскиот патувач (The Time Traveler's Wife), и акционата авантура Шерлок Холмс (Sherlock Holmes). Првиот филм снимен со цел да се прослави МекАдамс, беше комедијата Утринска слава (Morning Glory) во 2010г. Во 2011г., таа глумеше во филм на Вуди Ален, романтичната комедија Полноќ во Париз (Midnight in Paris) и имаше камео улога (кратко појавување на славна личност во филм) во продолжението на акционата авантура Шерлок Холмс: Игра на сенки (Sherlock Holmes: A Game of Shadows). МекАдамс глумеше во романтичната драма Заветот (The Vow) во 2012г. Во 2013г. ќе се појави во филмот на Теренс Малик- To the Wonder, филмот на Ричард Куртс- Прашање на време (About Time), на Антон Корбиџин- Најпосакуван маж (A Most Wanted Man) , и на Брајан де Палма- Страст (Passion).

Ран живот[уреди | уреди извор]

Рејчл Ен МекАдамс е родена во Лондон, Онтарио, и порасна во близина на градот Сент Томас. Нејзината мајка, Сандра е медицинска сестра, а нејзиниот татко Ленс е пензиониран шофер на камион и пренесувач на мебел. МекАдамс има помал брат, Кејлин којшто е професионален шминкер на славните личности, и помала сестра, Даниел. Таа започна да се занимава со уметничко лизгање на 4 години, но на нејзини 9 години одби да се пресели во Торонто, и да тренира во пареви. Лизгањето потоа и беше едвај хоби. До 18 години се натпреваруваше на спортски натпревари, и освои неколку регионални награди. Подоцна имаше изјавено дека лизгањето и било како подготовка за физичкото глумење, бидејќи ја обучило да биде во ритам со нејзиното тело. МекАдамс заврши во Јавното училиште Myrtle Street, а подоцна и во средното училиште [Central Elgin Collegiate Institute]. Таа не го сакаше училиштето. Сепак, имаше активен училишен живот. Покрај спортувањето, МекАдамс беше во училишниот совет, учествуваше во програмата за спречување на криминал (Crimestoppers), и беше член на Peer Helping Team. Таа работеше три години во ресторанот МекДоналдс за време на летниот распуст.

МекАдамс пројави интерес за глума кога имаше 7 години, а нејзините родители иако не ја обесхрабруваа, сепак не и најдоа агент што ќе ја застапува. Таа како дете се запиша на летните кампови Дизни и Шекспир. Откако наполни 12 години, МекАдамс се појави во Original Kids Theatre Company, Лондонска продукција. Во нејзините доцни тинејџерски години, таа режираше детска театарска претстава. Таа исто така беше вклучена во продукцијата на училишните театарски претстави, а позабележително беше освојувањето на Награда за изведба на Sears Ontario Drama Festival. Брачен пар којшто и предаваа по Англиски и Драма во 11-то и 12-то одделение, ја инспирираа. Тие ја охрабрија да се ослободи од инхибициите и попречувањата при глумењето. МекАдамс планираше да се запише на Културолошки студии на универзитет, но нејзиниот професор по драма ја убеди дека идејата за кариера како професионална актерка е остварлива. Таа се запиша на York University на катедрата за театар со 4 години, и се здоби со диплома за Bachelor of Fine Arts во 2001г. Додека студираше, МекАдамс работеше во Necessary Angel Theatre Company во Торонто.

Кариера[уреди | уреди извор]

Почеток на кариера (2001г.- 2005г. )[уреди | уреди извор]

МекАдамс за прв пат се појави на екраните во 2001г. во Shotgun Love Dolls, пробна емисија на ЕмТиВи снимена за време на пролетниот распуст на York University. Нејзиното прво појавување во игран филм беше истата година во филмот Моето име е Танино. Италијанско- канадската копродукција беше снимена во Сицилија и го обележа првото качување во авион на 22 годишната актерка. Подоцна МекАдамс беше номинирана за Genie Award во нејзината родна Канада, за нејзината улога како тинејџерката Венди Крусон во Совршена пита. Нејзиниот прв холивудски филм беше Жешката девојка во 2002г., којшто МекАдамс го опиша како „огромна пресвртница“ во нејзината кариера. Таа играше улога на злобна средношколка, и нејзиното тело се заменува со телото на еден, не толку опасен, ситен криминалец. Дневниот весник „Лос Анџелес Тајмс“, објави дека таа е „млада актерка која ветува многу“, додека пак „Дејли Мејл“ ги опиша МекАдамс и Ана Фарис како „таленти кои вредат да се погледнат, но сите околу нив ги запоставуваат “. Филмот заработи 54 милиони американски долари ширум светот. Потоа МекАдамс се врати во Канада и глумеше во Slings and Arrows, мини серија во врска со театарскиот живот позади сцената. По нејзиниот успех во САД, таа беше отстранета од втората сезона на програмата. За нејзината работа на таа програма, таа беше двапати номинирана за Gemini Award, а еднаш и ја освои.

Искачување до слава (2004г. -2005г.)[уреди | уреди извор]

Нејзината улога во тинејџерската комедија Злобни девојки во 2004г., беше нејзиното големо пробивање. 25-годишната актерка ја играше улогата на Реџина Џорџ, злобна тинејџерка, лидер на женско друштво, и црпеше инспирација од улогата на Алек Болдвин во филмот Гленгари Глен Рос (Glengarry Glen Ross). Дневниот весник „ЈуЕсЕј Тудеј“ го пофали нејзиниот талент за комедија, додека „Дејли Телеграф“ ја нарекоа „совршена злобничка“. Весникот „Сан Франциско Хроникал“ изјави дека МекАдамс придонесува за гламурот и привлечноста на Реџина, но исто така и потребната доза на оддалеченост од комичноста. Филмот заработи 129 милиони американски долари ширум светот, а на МекАдамс и донесе две ЕмТиВи филмски награди. Злобни девојки подоцна го достигна 12-то место на листата на „Ентертејмент Викли“ за Најдобри средношколски филмови. Тина Феј, која го напиша сценариото, и глумеше во филмот, ја награди МекАдамс со тоа што ја научи да глуми за камерата а не за публиката: „Таа е филмска актерка. Не претерува. Гледајќи ја неа ја научив таа лекција“. Втората улога на МекАдамс во 2004г. беше улогата во романтичната драма Страници за нашата љубов, адаптација на новелата на Николас Спаркс. Таа ја играше улогата на богата убавица од Југот која има забранета афера со сиромашен работник, ликот на Рајан Гослинг. Пред да го сними филмот, МекАдамс поминува време во Чарлстон, Јужна Каролина, за да го запознае акцентот, и посетуваше часови по балет и часови за начин на однесување.Филмот се снимаше кон крајот на 2002г. и почетокот на 2003г. Иако Гослинг и МекАдамс во 2005г. беа во врска, за време на снимањето не се согласуваа многу. „Еден на друг го инспириравме најлошото во нас“- рече Гослинг. „Тоа беше многу чудно искуство, да снимаш љубовна приказна а никако да не се согласуваш со партнерот“. Во еден момент, Гослинг побара од режисерот Ник Касавитс да донесе некој друг за зад камерите бидејќи чувствувал дека МекАдамс не сака да соработува. Дневниот весник Њујорк Тајмс ја пофали спонтаната и огнената изведба на двата главни лика, додека Роџер Еберт од таблоидот „Чикаго Сан Тајмс“ беше заведен од убавата и јасна изведба на МекАдамс. Весникот „Чикаго Трибун“ ја прогласи за „вистинско откритие“ кое „во младата Ели внесува толку блескава милост на невина млада девојка и шарм кој крши срца“. Филмот заработи 115 милиони американски долари ширум светот. МекАдамс доби ЕмТиВи филмска награда и четири Награди за тинејџерски избор. Весникот „Ентертејмент Викли“ објави дека филмот го содржи најубавиот филмски бакнеж на сите времиња, додека весникот „Лос Анџелес Тајмс“ додаде сцена од филмот, на листата на 50 класични филмски бакнежи. Страници за нашата љубов се појави на многу листи на најромантични филмови. „Многу сум благодарна што имам филм на којшто луѓето реагираат на тој начин“, изјави МекАдамс за списанието „Ел“ во 2011г. „Тоа беше нешто големо и значајно“.

Во 2005г. МекАдамс глумеше во три филмови. Во комедијата Расипувачи на венчавки, МекАдамс ја играше улогата на Клер Клири, ќерката на еден важен политичар, и љубовта на ликовите на Овен Вилсон и на Бредли Купер. МекАдамс постојано ја слушала песната „Landslide“ од Флитвуд Мек, за да се подготви за емоционалните сцени, и Вилсон изјавил дека песната веднаш ја расплакала: „Плачеше исто како да сте пуштиле вода од чешма“. Таа одеше на часеви за пловење, за да добие сертификат, бидејќи нејзиниот лик требаше да биде успешен пловец. Манола Даргис од весникот „Њујорк Тајмс“ почувствува дека МекАдамс „прави повеќе од тоа што може“ и „со секоја нова улога станува се по привлечна“. Списанието „Варајати“ ја нарече „заводлива појава“ која „всушност креира вистински лик- нешто што е ретко за жените од овие „ lad-mag“ (списанија за мажи)“. Од 40 милиони американски долари предвидени за производство на филмот, тој достигна сума од над 285 милиони американски долари ширум светот. МекАдамс потоа се појави со Силијан Марфи во Црвено Око, трилер на Вес Крејвен, за млада жена, менаџер на хотел, која е во заробеништво за време на еден ноќен лет со авион. Крејвен рече дека МекАдамс била единствената што ја планирал за оваа улога. Нејзиниот лик имал особини слични на нејзиниот карактер: „Таа не беше некоја испотена, супер жена во тесна маичка, што носи со себе Узи (автоматско оружје)“. Списанието „Варајати“ ја опиша како „се повеќе импресивна“, додека пак Роџер Еберт изјави дека „таа придонесува присутност и веродостојност на нејзината улога, повеќе од очекуваното; таа глуми како ликот да е самата таа, а не како таа да е внатре во ликот. Нејзината изведба ја квалификува за тешки улоги“. По објавувањето, филмот, што беше направен со буџет од 26 милиони американски долари, заработи над 95 милиони американски долари, во благајните на кината ширум светот. Последното појавување во филм во 2005г. и беше во фамилијарната драма на сезони Семејството Стоун. Филмот во кој глумеше заедно со Дајана Китон, Сара Џесика Паркер, Лук Вилсон и Клер Дејнс, и овозможи на МекАдамс улога на несредена, иронична сестра, наместо најчестите улоги на нечија девојка или жена. Таа многу сакаше да работи со Китон и забележа, „Мене не ми се важни моите реченици во филмот. Важни ми се луѓето со кои работам“. Списанието „Варајати“ забележа дека „помалку гламурозната но сè уште блескавата МекАдамс, уште еднаш докажа дека таа е вистинската, за прекрасна енергична изведба“. Весникот „Њујорк Тајмс“ објави дека нејзината „ангажираност кон екранот го задржува вашето внимание и симпатии и покрај хендикепот на карактерот на нејзиниот лик“. Филмот беше комерцијален успех: потребни беа 18 милиони американски долари за да се направи, а заработи над 92 милиони американски долари ширум светот.

Пауза во кариерата, и кратко враќање на сцена (2006г.–2008г.)[уреди | уреди извор]

An image of a Caucasian women wearing a green dress with an intricate beaded pattern. Her dark brown hair is pinned back and she is signing autographs for a crowd of fans behind a barrier. A security guard looks on.
McAdams at the 2007 Toronto International Film Festival

Во овој перод од нејзината кариера, таа беше нарекувана „идната Џулија Робертс“ и „новата атракција на Холивуд“. Списанието „Ванити Фер“ ја покани МекАдамс, заедно со Скарлет Јохансон и Кејра Најтли, да се појави на насловната страна на нивното мартовско издание во 2006г., годишното Холивудско изадние. Кога се појави на снимањето и сфати дека треба да позира гола, таа си замина. Таа подоцна се скара со нејзиниот менаџер, бидејќи не ја известил порано. Најтли подоцна раскажуваше: „Уште на самиот почеток Рејчл само рече: „Не, јас нема да го направам тоа“. Таа е прекрасна девојка, и јас навистина ја почитувам за тоа што го направи“. Кога во 2008г. ја прашаа за инцидентот, МекАдамс не жалеше за направеното. МекАдамс во 2006г. и 2007г. се повлече од јавноста, земајќи си време за себе и за своето семејство. Подоцна рече: „Во тоа време тоа беше вистинската работа за мене. Ако сакаш да раскажуваш што е можно повистинити приказни, мораш да имаш нормален, досаден живот“. Во овој период, актерката одби улоги во филмовите: Ѓаволот носи Прада, Казино Ројал (Casino Royale), Невозможна мисија 3 (Mission: Impossible III) и Фати го Смарт (Get Smart). Во февруари 2006г. само еднаш се појави во The Vagina Monologues во Центарот за уметности Сент Лоренс, во Торонто за да собере средства за денот-В. Истата година таа беше номинирана за наградата Нова ѕвезда на Британските филмски награди и беше домаќин на Оскарите за технички достигнувања. Во 2008г. МекАдамс се врати на работа, појавувајќи се во два филма со ограничени емитувања. Во криминалната драма Брачен живот (Married Life), таа игра во улога на Кеј, млада вдовица од 40-тите во којашто се заљубуваат двајца постари мажи, кои ги играат Пирс Броснан и Крис Купер. МекАдамс проучуваше стари филмови, особено тие на Ким Новак, за да се подготви за улогата. Таа рече дека филмот ја освежил и повторно ја инспирирал, и ја направил желна да работи почесто. „Ентертејмент Викли“ ја нарече „особено прекрасна за гледање после две години пауза“. „Варајати“ исто така жалеа за нејзината голема пауза од екранот, но почувствува дека, и покрај изведбата на „нежни чувства“, „нејзината природна енергичност и спонтаност се ограничени“ од криминалистичкиот филм. Филмот не беше успешно распродаден. Тој заработи само над 2 милиони американски долари ширум светот, неуспевајќи да го надомести потрошениот буџет за снимањето од 12 милиони американски долари. Вториот филм на МекАдамс во 2008г. беше Среќниците (The Lucky Ones), приказна за тројца војници од војната во Ирак, кои се враќаат назад во САД, во кој глумеше заедно со Тим Робинс и Мајкл Пена. Пред снимањето таа тренираше во вистински воен камп за обука во Форт Камбела, во Кентаки. Во 2011г. МекАдамс рече дека ликот на Коли бил „најверојатно еден од нејзините најомилени ликови што некогаш ги играла“. „Њујорк Тајмс“ ја нарече „ сјајна како и секогаш“, додека Роџер Еберт од „Чикаго Сан Тајмс“ нејзината изведба ја нарече „нејзино созревање како актерка“. Тој напиша: „Претходно луѓето ја гледаа како жешка девојка, или идеализирано срценце. Еве ја како енергична, ранлива, решителна, топла, смешна... Гледајте ја потресната сцена кога го запознава семејството на нејзиното момче“. „Ентертејмент Викли“ ја нарече „енергична, прекрасна и непостојана како прстенот што ја менува бојата( во зависност од расположението на тој што го носи)“. Среќниците (The Lucky Ones) е најнеуспешниот филм во кариерата на МекАдамс до 2012г., кој заработи 266.967 американски долари ширум светот.

Неодамнешна работа (2009г.-2011г.)[уреди | уреди извор]

МекАдамс глумеше во три филмови во 2009г. Во Како стојат работите (State of Play), политички трилер заснован на БиБиСи телевизиски серии, во кој глумеше заедно со Расел Кроу, Хелен Мирен и Бен Афлек. МекАдамс ја играше улогата на Дела, репортер во живо, кој истражува можен заговор со професионален новинар, во чија улога се најде Кроу. Како дел од нејзинато истражување, МекАдамс ги посетува канцелариите на весникот „Вашингтон Пост“ и се запознава со политичари во Капитол Хил. „Ентертејмент Викли“ почувствува дека таа „совршено глуми како амбициозна новинарка на сатиричен политички онлајн блог“, додека „Дејли Телеграф“ забележа дека „МекАдамс со нејзините разиграни очи, и големо, изразено чело, се спротиставува на Кроу. Милостива, таа избегнува да глуми типично женско однесување, и да биде скромна наспроти неговото однесување на седокос алфа мажјак“. Филмот заработи над 87милиони американски долари ширум светот. Вториот проект на МекАдамс во 2009г. беше научно-фантастичната романса Жената на патникот (The Time Traveler's Wife), адаптација на бестселерот на Одри Нифенегер. МекАдамс „се заљуби лудо во книгата“ но на почетокот малку се двоумеше дали да ја прифати улогата бидејќи Клер, жена која долго време пати, е лик кој „луѓето веќе го имаат видено“. Питер Траверс од „Ролинг Стоун“ рече: „Ја гледав енергичната Рејчл МекАдамс и Ерик Бана не е тоа што Жената на патникот го прави да биде. „Лос Анџелес Тајмс“ ја нарече „сè уште блескава, за жал нејзиниот капацитет како актерка е воглавно исцрпен“. Мајкл Филипс, пишувајќи за „Чикаго Трибун“, во најчесто воздржан преглед, за нејзината изведба рече: „ Секоја сцена во која таа се појавува, дури и оние глупавите, стануваат подобри, повистински, најчесто наспроти долгогодишните стереотипи, бидејќи таа е во нив. Нејзината работа е емоционално спонтана, а сепак технички прецизна. Таа добро се вклопува и во комедија и во драма, и никогаш на задржува мелодраматичен момент. Филмот беше успешен, заработувајќи над 101 милион американски долари ширум светот. Шерлок Холмс (Sherlock Holmes) беше последниот филм на МекАдамс за таа година. Таа ја играше Ирина Адлер, љубовта на Роберт Доуни Џуниор во улога на Шерлок, и ја прифати шансата да игра лик кој „има вистински слободен дух, и си е сам свој газда“. „Варајати“ почувствува дека нејзиниот лик „не е добро вклопен во приказната, што е недостаток, а обично снаодливата МекАдамс, не може да направи ништо во врска со тоа“. „Њујорк Тајмс“ изјави: „Г-ѓа МекАдамс е совршено шармантна актерка и во оваа акциона-романса е како трето тркало од трицикл. Но во овој филм, Ирина е како малку циничен комерцијален пронајдок. Таа нуди нешто и за дамите и за момчињата, кои колку и да уживаат во тепачки,експлозии, пиштоли и бркање, исто така сакаат и девојки“. Филмот беше огромен комерцијален успех, заработувајќи над 524 милиони американски долари во билетарите ширум светот.

МекАдамс на премиерата на Шерлок Холмс во 2009г.

Филмот Утринска слава (Morning Glory 2010.), комедија во која МекАдамс играше улога на телевизиски продуцент кој се обидува да го зголеми слабиот рејтинг на една утринска телевизиска програма, беше најавен како отскочна даска за актерката. На почетокот таа чувствуваше дека не е соодветна за таа улога велејќи: „Не сум смешна. Па затоа реков „ако ви треба некој што ќе биде смешен, би требало да побарате на друго место““. Режисерот Роџер Мишел, многупати одеше на вечера со МекАдамс, убедувајќи ја да се придружи на филмската екипа. Таа по втор пат соработуваше со Дајана Китон, којашто таа ја опиша како свој ментор. Кенет Туран од „Лос Анџелес Тајмс“ рече дека „за такви изведби, како што е на МекАдамс, одиме да гледаме филмови“, додека Роџер Еберт од „Чикаго Сан Тајмс“ почувствува дека таа глумела „ главна улога толку симпатично како и секој еден после Ејми Адамс во Џунбаг (Junebug) во инаку „рутински“ филм. „Њујорк Пост“, како и „Варајати“, беа импресионирани од нејзината „ дарба за физичка комедија“. Додека пак „Њујорк Тајмс“ почувствува дека таа „ ја игра својата улога исклучително добро“ и дека е „симпатична и без да се труди“, и му порача на Холивуд да и даде улоги кои се „достојни“ за нејзиниот талент. „Г-ѓа МекАдамс мора да ги истакне своите дупчиња во образите за да успее. Таа го прави тоа но треба уште повеќе да се потруди“. Филмот имаше скромен комерцијален успех, кој од 40 милиони американски долари потрошени за снимање, заработи 58 милиони американски долари ширум светот. МекАдамс беше разочарана бидејќи филмот на наиде на поголема публика, забележувајќи „Ги слушам бизнисмените како велат„ Па, никој не беше сигурен за кого е наменет филмот““. Првиот филм на МекАдамс во 2011г., Полноќ во Париз (Midnight in Paris) на Вуди Ален, го отвори Канскиот филмски фестивал 2011г. и повторно ја спои со Овен Вилсон од филмот Расипувачи на венчавки (Wedding Crashers's). Улогата за досадната Инез, Ален ја напиша за МекАдамс, откако слушна „блескав извештај“ од нејзината поранешна соработничка Дајана Китон. Тој рече дека е „луд по Рејчл“ и сака да и пружи можност да игра некој друга улога освен „убави девојки“. Филмот беше снимен во Париз и МекАдамс рече дека тоа искуство „секогаш ќе има посебно место во нејзиното срце“. „Гвардијан“ жалеше што „таа се претвори од слатка девојка од Расипувач на венчавки, во кучка што ги руши соништата, каква што, според американските комедии, станува жената откако ќе го уловат својот човек“. Ричард Корлис од „Тајм“ жалеше за МекАдамс чиешто „обично победничко присуство е претворено во непријатлско клише“. Сепак, „Лос Анџелес Тајмс“ почувствува дека таа „вешто се справува со не толку симпатична улога, што не е вообичаена за неа“, и „Њујорк Тајмс“ мислеше дека е „извонредно забрзана“. Филмот стана до сега најголемата заработка на Ален во Северна Америка и беше најуспешен независен филм од 2011г. Од буџет за снимање од 17 милиони американски долари, филмот заработи над 151 милион американски долари ширум светот. МекАдамс, заедно со уште шест други членови од екипата, беа номинирани за Награда за извонредна изведба на филмска екипа (Screen Actors Guild Award for Outstanding Performance by a Cast in a Motion Picture). Ален освои Оскар за најдобро оригинално сценарио и самиот филм беше номиниран за три други Оскари, вклучувајќи го и оскарот за најдобар филм. Второто појавување на МекАдамс на сцена беше една камео улога во продолжението на акционата авантура Шерлок Холмс: Игра на сенки (Sherlock Holmes: A Game of Shadows). Главната женска улога и припадна на Нуми Репејс. Џоел Силвер, продуцент на филмот, рече „секогаш сме се настојувале да имаме различна девојка за секој филм“ во стилот на Бонд девојките. Тој едвај ја убедил МекАдамс да се врати со споредна улога: „Таа сакаше да биде со нас, но се надеваше на поглавна улога“. „Вол Стрит Журнал“ почувствува дека „таа избледува премногу брзо во ова пренатрупано, продолжение, како и духот на светла инвентивност што го направи претходниот филм едно пријатно изненадување“. „Хафингтон Пост“ забележа дека таа „прикажува многу повеќе карактер и заводнички шарм тука во неколку минути , отколку во сите претходни филмови. Ослободена од ограничувањата да биде во суштина нечиј љубовен интерес, МекАдамс ужива во шансата да биде целосен негативец“. Филмот заработи над 543 милиони американски долари ширум светот.

Заветот (The Vow) и идни проекти (2012-сегашност)[уреди | уреди извор]

McAdams at the 2012 Toronto Film Festival

Во 2012г. Рејчл МекАдамс глумеше во романтичната драма Заветот (The Vow). МекАдамс и Чанинг Татум, глумат нов брачен пар кој се обидува да ја обнови својата врска, откако во сообраќајна несреќа, жената го губи сеќавањето. Ликот на МекАдамс доживува бура од емоции, и нејзе и се допадна тоа што приказната е раскажана „преку очите на момчето“. „Њујорк Тајмс“ изјави дека „слатката Рејчл МедАдамс со дупчиња на образите“ внесува „ доволно физички шарм и емоционална топлина која го скренува вниманието од веќе видената постава и слабото сценарио“. „Њусдеј“ почувствува дека МекАдамс „изнесувајќи ја нејзината чудесна топлина преку екранот“, „е вистинскиот магнет“. Сепак, „Лос Анџелес Тајмс“ почувствува дека таа е „истрошена“ во оваа улога: „Таа е толку привлечна актерка, што едноставно посакуваш да ја искористат подобро“. „Тајм“ мисли дека филмот е пример за „провлекување“ на МекАдамс во „отворени романтични“ филмови и тврдеше дека „таа е по разновидна и паметна актерка“ од тоа што овие проекти ја прават. Филмот беше финансиран со 30 милиони американски долари, и беше огромен комерцијален успех и стана нејзиниот најраспродаван хит во кој глуми главна улога. Беше на врвот на листата на кино салите во САД и заработи над 196 милиони американски долари ширум светот. Во април 2013г., МекАдамс се појави во To the Wonder, романтична драма напишана и режирана од Теренс Малик. Во филмот МекАдамс глуми работник на фарма со коњи во Оклахома; заедно со нејзиниот соработник од Како стојат работите (State of Play), Бен Афлек. Таа за Малик рече дека е „неверојатно услужлив“ режисер; тие разговаараа детално за нејзиниот лик и ја прошета низ градот, покажувајќи и во кои куќи би пораснала, и во кои училишта би учела. „Индивајр“ забележа дека „МекАдамс има најмалку работа од главните улоги но е сепак прекрасна во нејзиното кратко појавување во улогата на прогонувана и тажна девојка“. „Телеграф“почувствува дека таа е „најдобра до сега“ но „Варајати“ ја опиша приказната на нејзиниот лик како „ кратко оддалечување од раскажувањето, во кое се чини дека Малик е исто толку заинтересиран за коњите на ранчот на Џејн колку што е и за самата жена“. Филмот имаше ограничени емитувања во САД, заработувајќи 154.880 американски долари.

Во септември 2013г., МекАдамс ќе глуми во адаптацијата на шпионскиот трилер на Џон ле Каре, Најпосакуван маж (A Most Wanted Man), режиран од Антон Корбијн, заедно со Филип Симор Хофман. Во ноември 2013г., МекАдамс ќе глуми во Прашање на време (About Time), романтична комедија напишана и режирана од Ричард Куртс. Приказната е за млад адвокат, кој ќе го глуми Донал Глисон, кој патува назад во времето и ја запознава „девојката од неговите соништа“, која ќе ја глуми МекАдамс. Се очекува да испадне и филмот Страст (Passion) на Брајан де Палма, во кој МекАдамс глуми наспроти Нуми Репејс. Страст е англиска преработка од Љубовен криминал (Love Crime) од 2010г., и е еротски трилер за борбата за власт меѓу две жени, бизнис менаџери. Во септември 2013г., МекАдамс има закажана филмска улога во најновиот проект на Камерон Кроув, Deep Tiki, заедно со Ема Стоун и нејзиниот соработник од Расипувачи на венчавки Бредли Купер.

Филнатрофија[уреди | уреди извор]

Еколошки активизам[уреди | уреди извор]

МекАдамс е екологист. Таа одржува една веб-страна за еколошки животен стил, GreenIsSexy.org , со две нејзини пријателки, веќе 5 години, од 2007г.-2011г. Нејзината куќа е снабдена со Bullfrog обновлива енергија. Таа низ Торонто патува со велосипед но низ Лос Анџелес вози автомобил бидејќи тоа е град во кој „потешко се вози велосипед“. Таа волонтираше при расчистување на Билокси, Мисисипи, по ураганот Катрина во 2005г. МекАдамс беше дел од жирито на TreeHugger/Live Earth во 2007г. Таа ги повикуваше луѓето на донација преку специјалната телевизиска програма Canada for Haiti, во отворено студио со ѕвезди во 2010г. МекАдамс учествуваше во акцијата на Matter of Trust за собирање на влакна за апсорбирање на нафтата којашто се излеа во Мексиканскиот Залив во 2010г. Во 2011г. МекАдамс го поддржа протестот на „Фудсток“ (Foodstock) против предлогот за градење на огромен каменолом за варовник во Меланктон, Онтарио. Таа исто така ја поддржува иницијативата за прочистување на водата за пиење на BluePlanetNetwork.org.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:MTV Movie Award for Best Breakthrough Performance Предлошка:MTV Movie Award for Best Kiss Предлошка:MTV Movie Award for Best On-Screen Duo



Предлошка:Persondata

  1. „Monitor“. Entertainment Weekly (1181). Nov 18, 2011. стр. 34.