Корисник:Aneta Simjanoska/КАМЕЛС рејтинг систем

Од Википедија — слободната енциклопедија

КАМЕЛС (англиски: CAMELS) е модел на оценување што го применуваат регулаторните органи во САД[1][2]. Името на овој модел произлегува од почетните букви на шесте области од работењето на банките, што се предмет на оценување :

  • C (Capital adequacy)
  • A (Asset quality)
  • M (Management quality)
  • E (Earnings)
  • L ( Liquidity)
  • S ( Sensitivity to market risk )

Адекватност на капиталот[уреди | уреди извор]

Во рамките на првата компонента , супервизорите најпрвин ја оценуваат способноста на банката да го одржува капиталот на потребното ниво, имајќи ги предвид ризиците со кои таа се соочува во своето работење.

Квалитет на активата[уреди | уреди извор]

Вториот аспект на контролата се однесува на квалитетот на средствата на банката, односно на кредитниот ризик на кој се изложени кредитите, инвестициското портфолио и вонбилансните активности на банката.

Квалитетот на менаџментот[уреди | уреди извор]

Многу важен аспект на оцената е квалитетот на раководството на банката, пред се, стручниот и моралниот квалитет на членовите на органите на управување и на повисоките раководители. Во таа смисла , раководните лица во банката треба да исполнуваат некои услови за да можат да добијат дозвола за извршување на своиите функции.

Ликвидност[уреди | уреди извор]

Супервизорите го набљудуваат трендот на движењето на профитабилноста на банката и вршат процена на факторите што можат да имаат влијание врз нејзината одржливост на подолг рок. Се разбира, посебно внимание се посветува и на системот на управување со ликвидноста на банката, односно нејзината способност за навремено извршување на тековните обврски.

Пазарен ризик во работењето[уреди | уреди извор]

Последната димензија се однесува на изложеноста на банката на пазарниот ризик, т.е на вијанието на промените на пазарните фактори ( цени на хартии од вредност, каматни стапки, девизни курсеви, итн.) врз добивката и вредноста на капиталот на банката.

Банката се оценува посебно во секоја од наведените шест области, добивајќи оцена од 1 до 5. Притоа 1 означува највисока, најдобра оцена, додека 5 представува најниска, најлоша оцена. Понатаму , врз основа на поединечните оцени, банката добива вкупна, заедничка оцена којашто, исто така, може да се движи од 1 до 5. Ако банката добие вкупна оцена 1 или 2, тогаш се работи за здрава банка , оцената 3 значи дека постојат некои проблеми во работењето на банката , додека оцените 4 и 5 означуваат проблематични банки за кои постои ризик од пропаѓање во блиска иднина.

Супервизијата во Македонија[уреди | уреди извор]

Во Македонија, супервизијата во работењето на банките според системот КАМЕЛС беше воведена кон крајот на 1994 и почетокот на 1995 година. Во рамки на овој систем , клучно место во оцена на работењето на банките имаат анализата на квалитетот на средствата и раководењето со кредитниот и другите ризици. Притоа, во одделени периоди, банките биле различно оценувани од супервизорските органи. Во 1999 година, дури осум банки, со учество од над 50% во вкупните средства на банкарскиот сектор , биле оценети како проблематични банки, со оцени од 4 или 5[3]. Подоцна, паралелно со зајакнувањето на корпоративното управување и на системите за раководење со ризиците, постепено се подобрувала оцената на банките. Во 2006 година просечната оцена за целиот банкарски сектор изнесуваше 2,18 , што означува постоење здрави банки.

Погледнете[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр77]
  2. [Горан Петревски, Управување со банките (второ издание), Скопје: Економски факултет, 2011, стр.78]
  3. [Кики Магнова Поњавиќ, Ванчо Каров , 60 години централно банкарство во Македонија , Народна банка на Македонија, Скопје, 2006, стр 149.]