Кондензација (хемија)
Кондензација — вид на хемиска реакција каде две молекули се соединуваат образувајќи една молекула, обично со загуба на мала молекула како вода.[1] Ако се загуби водата, реакцијата се нарекува и дехидратациска синтеза. Меѓутоа, при реакцијата може да се загубат и други молекули како амонијакот, етанолот, оцетната киселина и сулфурводородот.[2]
Додавањето на двете молекули се одвива постепено, обично во рамнотежа, и со загуба на водената молекула (затоа кондензација).[3] Реакцијата инаку може да вклучува функционални групи на молекулата, и претставува сестрана класа на реакции која може да се јави во кисели или базни услови, или во присуство на катализатор. Оваа класа на реакции е незаменлив дел од животот бидејќи има сушстинска улога во образувањето на пептидни врски помеѓу аминокиселините и биосинтезата на масните киселини.[4]
Постојат многу разновидности на кондензациски реакции. Чести примери се адолната и Кневенагеловата кондензација (обете образуваат вода како нуспроизвод), како и Клајденовата и Дикмановата кондензација (меѓуполекулска Клајзенова кондензација), кои како нуспроизвод образуваат алкохоли.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Анаболизам
- Хидролиза — спротивно на кондензација
- Поликондензација
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „25.18 Condensation Reactions“. Book: Introductory Chemistry (CK-12). Chemistry Libre Texts. 12 август 2020. Посетено на 9 јануари 2021.
- ↑ „Condensation Reaction“. IUPAC Compendium of Chemical Terminology (Gold Book). IUPAC. 2014. doi:10.1351/goldbook.C01238. Посетено на 7 декември 2017.
- ↑ Fakirov, S. (1 февруари 2019). „Condensation Polymers: Their Chemical Peculiarities Offer Great Opportunities“. Progress in Polymer Science. 89: 1–18. doi:10.1016/j.progpolymsci.2018.09.003. ISSN 0079-6700. S2CID 105101288.
- ↑ Voet, Donald; Voet, Judith; Pratt, Chriss (2008). Fundamentals of Biochemistry. Hoboken, NJ: John Wiley & Sons, Inc. стр. 88. ISBN 978-0470-12930-2.
- ↑ Bruckner, Reinhard (2002). Advanced Organic Chemistry (First. изд.). San Diego, California: Harcourt Academic Press. стр. 414–427. ISBN 0-12-138110-2.