Прејди на содржината

Киро Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киро Трајковски
Роден 1924 година
Булачани, Кралство СХС
Починал 11 ноември 1944 година
Во близина на Булачани, ДФ Македонија, ДФЈ

Киро Тодоров Трајковски ( 1924 во Булачани11 ноември 1944 во Булачани) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Потекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против вооружените балистички банди и против германските моторизирани колони во Качаничката Клисура. Бригадата долго време успеала да ја сочува слободната територија на Скопска Црна Гора од нападите на балистичките банди, кои настојувале да ги ограбуваат селата. На 11 ноември 1944 година, само два дена пред ослободувањето на идниот главен град на Македонија, храбро загинал во една борба, во непосредна близина на неговото село. Неговите останки биле закопани на гробиштата во Булачани.[1]

  1. 1 2 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 275. На |first= му недостасува |last= (help)