Киро Божиновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Киро Божиновски е истакнат македонски флејтист. Роден е во Прилеп, 2 ноември 1933, а починал во Скопје 30 октомври 2006. Со музичко образование се здобива во Средното музичко училиште во Скопје и кај Ј. Срејовиќ, во Белград. Долгогодишен прв флејтист на Операта и Балетот на МНТ и прв флејтист на Македонската филхармонија. Како солист настапува на домашниот концертен подиум, во центрите на поранешната СФРЈ и во странство. Божиновски е еден од најистакнатите македонски инструментални уметници, во чиј репертоар се вклучени најзначајните дела од литературата за флејта, како и повеќе остварувања од домашните автори. Член на Скопскиот дувачки квинтет и соработник на Ансамблот за современа музика „Света Софија”.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Драгослав Ортаков