Кинезизација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кинезизација или синизација — назив за процесот на јазична и културна асимилација, односно прифаќање на кинескиот јазик, писмо или национален идентитет од страна на некинески етнички групи или култури. Во лингвистиката, во потесна смисла, тоа значи транскрипција во кинеско писмо.

Во својата поширока и најчесто употребувана смисла, синизацијата се однесува на бројни примери на некинески народи кои во текот на кинеската историја го изгубиле сопствениот идентитет, односно се „споиле“ во поширокиот кинески идентитет. Манџуријците често се наведуваат како последен пример. Во уште поширок контекст, ова значи влијание на кинеската култура врз неасимилираните народи, култури и земји како Кореја, Виетнам и Јапонија, кои често се наведуваат како дел од синосферата.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]