Кинг Конг (филм од 2005)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кинг Конг (англиски: King Kong) - американски филм од 2005 година, во режија на Питер Џексон. Главните улоги ги играат: Наоми Вотс, Адриен Броди, Џек Блек итн.[1] Филмот имал дури 80 номинации, а освоил 43 разни награди. Во 2006 година, филмот освоил три награди „Оскар“.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во 1933 година. Карл Денам (го игра Блек) бара необична локација за снимање на својот филм и затоа ја носи филмската екипа на мистериозниот Остров на черепите. Таму, живее џиновскиот мајмун Конг, кој набргу ја напаѓа екипата и ја грабнува главната глумица Ен Дероу (ја игра Вотс). На почетокот, таа е уплашена, мислејќи дека дивото суштество ќе ја повреди, но набргу сфаќа дека мајмунот покажува силна наклонетост кон неа. Кога Ен ќе се обиде да побегне од него, таа запаѓа во голема опасност, но Конг го жртвува својот живот и ја спасува, борејќи се со неколку диносауруси.

Во меѓувреме, момчето на Ен, Џек Дрискол (го игра Броди) тргнува во потрага по Ен и успева да ја пронајде и да ја спаси. Конг ги следи, но запаѓа во стапицата поставена од Карл, кој планира да го фати ѕверот и да го однесе во Њујорк, привлечен од големата заработка што би можел да ја оствари. Користејќи хлороформ, Карл и остатокот од екипата успеваат да го заробат Конг. Во Њујорк, него го покажуваат како осмото светско чудо, но за време на претставата Конг успева да се ослободи од синџирите и излегува на улиците, барајќи ја Ен. Целиот град е во паника и војската тргнува во потрага по Конг. За неговото бекство дознава и Ен, која му се придружува. Со неа, Конг се качува на највисоката зграда, но со помош на воените авиони, војската го убива мајмунот.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]