Катерина Блажевска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Катерина Блажевска (Велес, 12 јули 1967) — македонски новинар.[1] Основно образование завршила во училиштето „Васил Главинов“, а средно образование во гимназијата „Koчо Рацин“ во Велес. Во 1989 година дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје, отсек новинарство.

Во 1994 година започнала да води своја емисија во Радио Скопје. Во 1998 е на позиција уредник во дневниот весник „Македонија Денес“, по што во 1999 следи ангажманот во најтиражниот дневен весник „Дневник“. Во мај 2004 Блажевска станува главен и одговорен уредник на истиот.[2] Во својата професионална кариера била и извршен уредник во неделниот магазин „Граѓански“.

Блажевска има добиено многу награди, меѓу кои и награда за „најдобар новинар“ во 1998 и награда „Крсте Мисирков“ за „најдобра истражувачка сторија“ во 2003. Според едно истражување, Блажевска е прогласена за една од 100-те највлијателни луѓе во Република Македонија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија (прв том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 171
  2. „Катерина Блажевска главна уредничка“ Архивирано на 4 март 2016 г., „Дневник“