Каталонска декларација за независност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Декларација на пратениците на Каталонија
Catalan Declaration of Independence.jpg
Создаден 10 октомври 2017
Место Барселона
Потписници 72 пратеници на Парламентот на Каталонија
Намена Прогласување на Каталонска Република—независна и суверена држава

Каталонската декларација за независност е резолуција донесена од Парламентот на Каталонија на 27 октомври 2017 година со која е прогласена независност на шпанската автономна заедница Каталонија од Шпанија и создавање на независна Каталонска Република. Декларацијата не добива признание од меѓународната заедница.

На 10 октомври 2017 година, по каталонскиот референдум за независност одржан на 1 октомври, декларација со која се утврдува Каталонија како независна република е потпишана од мнозинството членови на Парламентот на Каталонија.[1][2][3] Истиот документ е изгласан на 27 октомври со мнозинство од 70 од вкупните 135 пратеници на пленарна седница.[4] Десет пратеници гласале против декларацијата, а 53 одбиле да присуствуваат, сметајќи дека гласањето е нелегално, откако правните совети на Парламентот се изјасниле дека гласањето не може да се случи поради тоа што законот на кој се заснова е суспендиран од Уставниот суд на Шпанија.[5][6]

Неколку часа после гласањето на декларацијата, шпанскиот премиер Маријано Рахој го разрешил каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон и неговиот кабинет и повикал на нови регионални избори во Каталонија кои се одржале на 21 декември истата година.[7] Потпретседателката на Владата на Шпанија Сораја Саенс де Сантамарија ја презела функцијата на Пуџдемон како вршител на должноста до изборите во декември.[8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Badcock, James; Crisp, James (10 October 2017). „Catalan leader puts declaration of independence on hold to allow time for talks“. Telegraph.co.uk. Посетено на 12 October 2017.
  2. „Catalan President Signs Declaration Of Independence, But Will Seek Talks With Madrid“. huffingtonpost.co.uk. 10 October 2017. Посетено на 12 October 2017.
  3. „Catalan leader signs declaration document“. euronews.com. 10 October 2017. Посетено на 12 October 2017.
  4. Jones, Sam; Burgen, Stephen; Graham-Harrison, Emma (28 October 2017). „Spain dissolves Catalan parliament and calls fresh elections“. The Guardian.
  5. Alandete, David (27 October 2017). „Análisis | Is Catalonia independent?“. El País.
  6. Piñol, Pere Ríos, Àngels (27 October 2017). „El Parlament de Cataluña aprueba la resolución para declarar la independencia“. El País (шпански).
  7. „Spanish PM dissolves Catalan parliament“. BBC News. 27 October 2017.
  8. „Declaración de Independencia Cataluña: Rajoy delega en Soraya Sáenz de Santamaría la Presidencia de la Generalitat“. El Mundo. 2017-10-25. Посетено на 2017-10-29.