Касуга-доро
Изглед
Касуга-доро (春日灯籠) се традиционални јапонски камени светилки (лантерни). Името го добиле по шинтоистичкото светилиште Касуга-таиша (春日大社) во Нара основано во 768 година во кое се наоѓаат голем број на лантерни кои водат до храмот. Ова светилка се состои од 20 делови од кои секој има назив и симболика.
- Кидан (基壇, подиум, платформа).
- Кисо (基礎, основа или темел) термин за било која субструктура која ја носи тежината на надградбата. Горниот дел е каерибана.
- Сао (竿, столб, шипка) врска помеѓу средната и долната основа. Горе, во средината и долу е прстен – фуши.
- Чуудаи (中台) средна основа на светилката на која почива држачот на пламенот и куполата. Обично е четворо- шесто- или осмострана и се менуваала низ историјата заедно со долната основа до Муромаќи епохата, од кога е речиси иста. Долниот дел од средната основа (莲弁, ренбен) е во форма на обрнат лотос.
- Хибукуро (火袋) издлабена округла, квадратна, шестаголна или осумаголна камена кутија во која горилникот е со јаглен фитил. Отвори за светлост не се ограничени на основните геометриски форми, а покриени се со хартија на дрвена рамка со што се добива мека, пригушена светлина. Имаат три дела; камику (горе), накаку (средниот дел со отвори за светлина) и шимоку (долу). Отворите за светлина ако се кружни се нарекуваат енсоу, а ако се квадратни - хигучи
- Каса (笠, чадор) квадратни или шестаголни (поретко осумаголни или округли), чадорестиот дел над горилникот изделен е на сегменти со ленти (кударимуне) кои се завршуваат со спирално завиени украси (варабите).
- Хоују (宝珠, свет драг камен) светиња на будизмот, лоптаст или капкаст дел. Се верува дека има моќ да го протерува злото, д ја прочисти корупцијата, и да ги исполни желбите. Го сочинуваат три дела (од горе надолу): каен, какикуби и укебана.
Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Грбић, М. (2015): Историја вртне уметности. Универзитет у Београду.