Прејди на содржината

Кармен (филм од 1983)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кармен“ (Carmen) — шпански филм од 1983 година во режија на Карлос Саура (Carlos Saura), кој е автор и на сценариото, заедно со Антонио Гадес (Antonio Gades). Главните улоги ги играат: Антонио Гадес (Antonio Gades), Лаура дел Сол (Laura del Sol), Пако де Лусија (Paco de Lucía), Кристина Хојос (Christina Hoyos), Хуан Антонио Хименес (Juan Antonio Jiménez), Себастијан Морено (Sebástian Moreno), Хосе Јепес (José Yepes) и Пепа Флорес (Pepa Flores). Филмот, кој претставува дел од трилогијата на три кореографски филмови и втора соработка меѓу Саура и кореографот Гадес, ја освоил наградата за најдобар уметнички придонес и за техничко достигнување на Канскиот филмски фестивал. Исто така, филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобар странски филм и за француската награда „Цезар“. Покрај тоа, филмот ги освоил наградите за најдобар странски филм на неколку фестивали. Во филмот се појавува познатиот гитарист Пако де Лусија и со повеќе познати танчери на фламенко, кои се глумат самите себе.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Кореографор и режисер Антонио (го игра Гадес) работи со својата танцова група на претставата „Кармен“. Тој е во потрага по танчерка која ќе ја игра насловната улога. Во едно танцово училиште, тој ја пронаоѓа млада танчерка која исто така се вика Кармен (ја игра дел Сол), а која го освојува со својот карактер кој е сличен на главниот лик. Подоцна, во текот на подготовките, Антонио и Кармен ја доживуваат приказната за љубовта и за предавството...