Прејди на содржината

Кандакија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кандакијата Аманиторе на релјеф.

Кандакија или Кантакија, исто така, Кендис — титулата на кралиците на древното африканско кралство Куш, исто така познато како Нубија и Етиопија.

Според една легенда во Александриската романса Кендис од Моро го порази Александар Велики кога тој се обидел да ги освои териториите јужно од Египет. Се обидел да ја освои нејзината земја во 332 година п.н.е., таа ги аранжирала своите војски стратешки и била присутна на воен слон, кога тој се приближуваше. По оценувањето на силата на нејзините војски, Александар решил да се повлече од Нубија, и се упатил кон Египет.[1]

Во 25 п.н.е. кандакијата Аманиринас, како што е соопштено од страна на Страбон, го нападна градот Сјен, денешен Асуан, на територијата на Римското Царство, а императорот Август го уништил градот Напата за одмазда.[2][3]

Барелефи од околу 170 г. п.н.е. ја покажуваат кандакијата Шанакдакта, облечена во оклоп и со копје во битка. Таа не владеела како кралица или кралица мајка, туку како целосно независен владетел. Нејзиниот сопруг беше нејзиниот консорт. Во барелефите пронајдени во урнатините на зградите кои таа ги изгради, Шанакдакта е портретирана како и сама, така и со нејзиниот сопруг и син.

Кандакии од Куш

[уреди | уреди извор]
  • Шанакдакта (177 п.н.е–155 п.н.е) (најраната позната владејачка кралица)
  • Аманиринас (40 п.н.е–10 п.н.е)
  • Аманишакето (10 п.н.е–1 по н.е)
  • Аманиторе (1–20 по н.е)
  • Амантитери (22–41 по н.е)
  • Аманикаташан (62–85 по н.е)
  • Маликоробар (266–283 по н.е)
  • Лахидмани (306–314 по н.е)
  1. Jones, David E., Women Warriors: A History, Brasseys, Inc.; (2000)
  2. Nubian Queens in the Nile Valley and Afro-Asiatic Cultural History - Carolyn Fluehr-Lobban, Professor of Anthropology, Museum of Fine Arts, Boston U.S.A, August 20-26, 1998
  3. E. A. Wallis Budge (2003), Cook's Handbook for Egypt and the Sudan, Part 2 (reprinted. изд.), Kessinger Publishing, стр. 737, ISBN 9780766148024[мртва врска]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]