Кажи им дека Вили Бој е овде

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кажи им дека Вили Бој е овде“ (англиски: Tell Them Willie Boy Is Here) — филм на режисерот Абрахам Полонски (Abraham Polonsky) од 1969 година. Полонски е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Роберт Редфорд (Robert Redford), Кетрин Рос (Katharine Ross), Роберт Блејк (Robert Blake), Сузан Кларк (Susan Clark), Бери Саливен (Barry Sullivan) и Џон Вернон (John Vernon). Филмот е снимен според вистинитата приказна за Индијанецот наречен Вили Бој и за неговиот судар со законот во 1909 година, во градот Бенинг, Калифорнија, како и според книгата „Вили Бој: Лов на луѓе во пустината“ (Willie Boy: A Desert Manhunt) на Хари Лотон (Harry Lawton) од 1960 година. Во 1971 година, Редфорд и Рос ги освоиле наградите на Британската академија на филмската и телевизиската уметност во категориите најдобар глумец и најдобра глумица, соодветно.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Индијанецот Вили Бој (го игра Блејк) доаѓа во судир со таткото на својата девојка Лола (ја игра Рос), зашто тој не ја одобрува нивната врска. Притоа, во самоодбрана, Вили Бој го убива таткото на Лола, а тие двајца бегаат. По нив започнува потера, предводена од заменикот на шерифот Кристофер Купер (го игра Редфорд), кој делумно сочувствува со младиот пар. Состојбата постепено се заострува и најпосле доаѓа до пресметка меѓу Вили Бој и Купер...

Наводи[уреди | уреди извор]