Каде е Емили?

Од Википедија — слободната енциклопедија

Каде е Емили? - роман на македонската писателка Емилија Златкова Анастасова објавена во 2021 година во издание на „КСЦ“.[1]

За книгата[уреди | уреди извор]

Еден јулски ден, сите членови на семејството Деборјановски се враќаат во својот дом од различни патувања во различни земји во светот. Емили се качува во авион од Москва по завршувањето на магистерските студии на престижната музичка школа во Москва. Марија и Гоце ја чекаат Емили на аеродромот во Скопје. Авионот пристигнува, но Емили не слегува од него. Емили не пристигнува во Скопје. „Каде е Емили? Што се случило со неа?“ сите се прашуваат.

Набрзо откриваат дека Емили е киднапирана и дека ѝ се губи секаква трага. Кој ја киднапирал Емили? Дали семејството има непријатели? Во потрага по Емили и по одговори на овие прашања се впушта татко ѝ Гоце со помош на рускиот инспектор Илиј, следејќи ја секоја трага низ повеќе европски земји.

Дали ќе ја пронајдат Емили [2] и можно ли е во еден таков хаос да се случи и нешто убаво?

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Каде е Емили?“. https://shop.kniga.mk/site-knigi/kade-e-emili.html. Надворешна врска во |work= (help)
  2. „Емили“. https://shop.kniga.mk/site-knigi/kade-e-emili.html. Надворешна врска во |work= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]