Ицуцугину

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ицуцугину - јапонско женско кимоно од ерата Хејан. Направено е од раскошен материјал, најчесто свила и брокат. Се носи како горен капут кој е отворен напред. Под него се носи посебен фустан наречен „хибакама“. Ракавите на ицуцугину се многу широки и долги, а од внатрешната страна се поставени со поинаква боја. Притоа, кимоното паѓа до земјата во големи набори. Во минатото, ова кимоно се облекувало само во посебни свечени прилики, како што биле приемите во царскиот двор. Притоа, него го носеле само благородниците и богатите слоеви во јапонското општество.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Džigokuhen“, во: Riunosuke Akutagava, Rašomon. Beograd: Plavi krug; Zemun: Neven, 2003, стр. 19.