Истанбулска конвенција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Истанбулска конвенција
Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство
{{{image_alt}}}
  Parties
  Signatories
Потпишан11 мај 2011
МестоИстанбул
На сила од1 август 2014
Услов10 ратификации од кои 8 од земји членки на Советот на Европа
Потписници46 + ЕУ
Ратификувале32
ЧуварГенерален секретар на Советот на Европа
Јазицианглиски и француски

Конвенција на Совет на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство, позната и само како Истанбулска конвенцијаконвенција на Советот на Еврооа за заштита на правата на жените.

Вовед[уреди | уреди извор]

Истанбулска конвенција претставува регионален правен инструмент којшто дава основа за сеопфатна заштита на правата на жените.[1] Овој мултилатерален меѓународен договор е отворен за потписи од страна на земјчи членки на Советот на Европа, земји кои не се членки на Совет на Европа, како и за меѓународни организации.

Конвенцијата е усвоена од страна на Комитетот на министри на Совет на Европа на 7 април 2011 година, а се отвори за потписи на 11 мај 2011 година во рамки на 121 сесија на Комитетот на министрите при Советот на Европа, одржана во Истанбул, поради што истата го добила и називот „Истанбулска конвенција“. Конвенцијата стапи на сила со нејзината ратификација од страна на 10 земји членки на Советот на Европа.

Историја[уреди | уреди извор]

Предратификационен период[уреди | уреди извор]

На донесувањето на Конвенцијата му претходea напори и иницијативи во рамки на Советот на Европа за промоција на правата на жените во 1990-тите кои резултираа со усвојување на неколку значајни препораки на Комитетот на министри на Советот на Европа до земјите членки, и тоа:

  • Препораката Rec(2002)5 за заштита на жените од насилство;
  • Препораката CM/Rec(2007)17 за стандарди и механизми на родова еднаквост; и
  • Препораката CM/Rec(2010)10 за улогата на жените и мажите во спречување и разрешување на конфликти и градењето на мирот (препоракиве се наоѓаат вклучени во рамки на преамбулата на конвенцијата).

Дополнително, во сите земји членки на Советот на Европа се спроведе широка кампања (2006-2008) со цел да се укаже на потребата од дејствување на национално ниво за спречување на насилството, заштита на жртвите и гонење на сторителите. Кампањата се одвиваше на три нивоа: меѓувладино, парламентарно и локално, при што земјите членки беа повикани да остварат прогрес во следниве области: правни и политички мерки, поддршка и заштита на жртвите, прибирање на податоци и покревање на јавна свест особено заради засилена имплементација на Препораката Rec (2002)5, и тоа во партнерство со женските невладини организации:[2]

Во Македонија, со заложбите на невладините организации за заштита на женските права во претратификацискиот период, значително се истакнаа приоритетните области на кои државните органи, како и здруженијата на граѓани требаа да ги насочат своите напори за конечна ратификација на конвенцијата.[3]

Статус на ратификација[уреди | уреди извор]

До денес, конвенцијата ја имаат потпишано 46 земји членки на Советот на Европа (вклучително и Европската Унија како меѓународна организација), од кои 32 земји ја имаат ратификувано.[4]

За земјите членки коишто ја ратификуваат оваа конвенција, истата станува дел од нивното национално законодавство и е правнообврзувачка. Како меѓународен договор, конвенцијата има супремација врз националното законодавство, меѓутоа истовремено истата мора да биде во согласност со Уставот на земјата.

Македонија ја потпиша Истанбулската конвенција на 8 јули 2011, а ја ратификува со депонирање на инструментот за ратификација на 23 март 2018 година. Конвенцијата ќе стапи на сила на 1 јули 2018 година.[5]

Истанбулската конвенција се опишува како „златен стандард“ и „прв меѓу еднаквите“ во рамки на инструментите кои го третираат елиминирањето на насилството врз жените. Ова е поради фактот што конвенцијата претставува сеопфатен инструмент кој е правнообврзувачки и ги опфаќа сите форми на насилство на врз жената. Конвенцијата се потпира на разбирањето дека насилството врз жените и девојките навлегува во сите аспекти на општественото живеење и е одраз на нееднаквите односи на моќ коишто постојат меѓу мажите и жените. Во оваа смисла, за земјите кои ја ратификувале конвенцијата се наметнува стандардот на „должно внимание“, со кој се предвидуваат низа обврски за превенција, гонење на сторителите и спроведување на законодавни и други мерки на интегративна политика.

Конвенцијата предвидува механизам на следење со цел да се оцени преземањето на обрските и имплементирањето на потребните мерки од страна на државата. За таа цел, формирано е специјално тело за мониторинг и евалуација наречено GREVIO Комитет.:[6][7]

Во мандатот на овој комитет е предвидено изготвување и објавување на извештаи со кои се оценуваат занокодавните и другите мерки преземени од страна на државите членки, а со кои се ефектуираат одредбите од конвенцијата.

Структура[уреди | уреди извор]

Структурата на конвенцијата ја чинат Преамбула и 81 член распределени низ XII поглавја, и тоа:

  • Поглавје I: Цели, дефиниции, еднаквост и недискриминација, општи обврски;
  • Поглавје II: Интегрирани политики и собирање податоци;
  • Поглавје III: Превенција;
  • Поглавје IV: Заштита и поддршка;
  • Поглавје V: Материјално право;
  • Поглавје VI: Истрага, гонење, процесно право и заштитни мерки;
  • Поглавје VII: Миграција и азил;
  • Поглавје VIII: Меѓународна соработка;
  • Поглавје IX: Механизам за следење;
  • Поглавје X: Поврзаност со други меѓународни инструменти;
  • Поглавје XI: Измени на конвенцијата; и
  • Поглавје XII: Завршни одредби.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Details of Treaty No.210 Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence“. Посетено на 20 јуни 2018.
  2. „Кампања за борба против насилство врз жените, вклучително и семејно насилство (2006-2008)“. Посетено на 20 јуни 2018.
  3. „Македонска ревија за казнено право и криминологија“ (PDF). Посетено на 20 јуни 2018.
  4. „Chart of signatures and ratifications of Treaty 210 Council of Europe Convention on preventing and combating violence against women and domestic violence“. Посетено на 20 јуни 2018.
  5. „The former Yugoslav Republic of Macedonia" ratifies the Istanbul Convention“. Посетено на 20 јуни 2018.
  6. „GREVIO – Group of Experts on Action against Violence against Women and Domestic Violence“. Посетено на 20/06/2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  7. „Steps in the first (baseline) evaluation procedure“. Посетено на 20 јуни 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]