Прејди на содржината

Исповед на еден телевизор

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Исповед на еден телевизор“ — збирка раскази на македонскиот писател Игор Лозаноски објавена во 2020 година во издание на Темплум.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Збирката содржи 26 куси раскази:[1]

  • Штама
  • Симната рампа
  • Исповед на еден телевизор
  • Животот на едно богато магаре
  • Животот на едно сиромашно магаре
  • Прошетка
  • Населба без луѓе
  • Си беше еднаш кога се дишеше
  • И кафето не е тоа што беше
  • Домашната службеничка
  • Ќе прашаат како било тогаш
  • Петтиот гостин
  • Казна
  • Ѕид
  • На старата клупа
  • Лажливо огледало
  • Најдобриот другар на Лука
  • Јаков и телефонот
  • Љубов преку жица
  • Човекот со книгата
  • Во трговскиот центар
  • Од белешките на една придружничка
  • Децата што читаа во училишниот двор
  • Тркало
  • Сиктер-кафе

Осврт кон делото

[уреди | уреди извор]

Во расказите се опишува отуѓеноста на модерниот човек во еден град што наликува на Скопје, но можеби тоа е малку изместено, дистописко Скопје. Ликовите трпеливо ги загребуваат и осознаваат градот и околината, обидувајќи се да учествуваат во тешко предвидливите промени на едно општество кое налудничаво се фрагментира и затвора.[1]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Збирката е објавена во рамките на едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 74 страници. Книгата е испечатена во печатницата Графика плус во тираж од 300 примероци. Таа е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4871-40-8. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата Кома. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка АД - Скопје.[1]

  1. 1,0 1,1 1,2 Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020.