Искушување на ѓаволот (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

„Искушување на ѓаволот“ (српски: Искушавање ђавола) — југословенски филм од 1989 година, во режија на Живко Николиќ, кој е автор и на сценариото, заедно со Драган М. Николиќ. Главните улоги ги играат: Алан Нури, Драгана Мркиќ, Љубиша Самарџиќ, Бранко Видаковиќ, Оливера Викторовиќ, Ева Рас и Рада Ѓуричин. Филмот обработува две поврзани теми: љубовта и човековата вечна покорност на традиционалните симболи, а во двете се развива митската идеја на искушувањето. Притоа, таа идеја се покажува низ општите меѓучовечки односи: од најинтимните до семејните односи, кои преку традиционалните симболи настојуваат да ги достигнат самоосознавањето и смислата на својот и туѓиот живот.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Двете семејства, Змајевиќ и Крстовиќ, се соседи во едно осамено место, но меѓусебно скарани. Притоа, иако кулата му припаѓа на семејството Змајевиќ, сепак семејството Крстовиќ е посилно и ја присвојуваат. Семејството Змајевиќ го чека синот да се врати од САД, надевајќи се дека тој ќе ги спаси кулата, честа и историјата. Меѓутоа, него не го интересира урнатата кула, зашто таа не носи никаква заработка, а во родниот крај се вратил за да си најде чесна жена, која претходно ќе ја искушува за да провери дали е добра за брак...[2]

Наводи[уреди | уреди извор]