Искра Трпева

Од Википедија — слободната енциклопедија

Искра Трпева Арсовска (Скопје, 1 јануари 1973) е позната македонска поп пејачка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Трпева е родена на 1 јануари 1973 година во Скопје. Таа е професор по соло пеење, професија што ја работи и денес. Мажена е за поранешниот македонски фудбалер Благоја Арсовски[1]. Учествувала на повеќе македонски фестивали, а највеќе на МакФест[2]. Таа е сопственик на познатото скопско кафуле „By The Way“.[3]

Дискографија[уреди | уреди извор]

Трпева својата естрадна кариера ја започнала со познатиот македонски композитор Кристијан Габровски во 1998 година, а песните од тој период се Допри ме, Штом падне мрак и Заврши се. Трпева соработувала со Дарко Димитров и со Александар Митевски, од чија соработка произлегле сингловите Љубов (Срце),Странец, Зима. Повторната соработка меѓу Трпева и Габроски всушност претставувало промена во нејзиниот музички стил – од поп-денс во поп-рок, од што произлегол и синглот Исти.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Искра Трпева во петтиот месец од бременоста“. Радио МК. Архивирано од изворникот на 2009-11-27. Посетено на 2010-10-09.
  2. „Вечерва започнува Макфест 2010!“. Преспана. Посетено на 2010-10-09. На |first= му недостасува |last= (help)[мртва врска]
  3. „Музиката од кафулето на Искра Трпева не остава без сон“. Вест. 8 јуни 2006. Посетено на 2010-10-09.[мртва врска]