Искра Грабул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Искра Грабул ( 1936 - 14 септември 2008) била македонски уметник и архитект. Најпозната е по своето дело, како коавтор на споменикот Македониум во Крушево.

Животопис[уреди | уреди извор]

Грабул е родена во 1936 година. Таа е ќерка на Д-р Борис Спиров, прв потпретседател на президиумот на АСНОМ , вториот претседател на македонското собрание, лекар и хуманист. Грабул била и голем следбеник на Саи-Баба.Има преведено и неколку негови книги. Позната била и како голем хуманист, каде одела и посетувала болни од сида, им помагала на оние на кои им требало и збор и храна.

Починала на 14 септември 2008 година во Скопје, каде е и погребана.[1] Таа била сопруга на македонскиот вајар Јордан Грабул, со кого ја имаат ќерката Лира Грабул, позната македонска кореографка.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР“. Утрински Весник. 17 септември 2008, 16:31. Посетено на 2011-11-14. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. Ноневски, Вангел (18 ноември 2008). „ПОЛИТИЧКИ РОКЕНРОЛ: Пропагандна архитектоника“. Глобус магазин. Посетено на 2011-11-14.