Исказ (математика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Во математиката, исказ е реченица која е или вистинита или невистината (ексклузивно).[1][2]

Примери:

  • Реченицата: Бројот 3 е непарен број. Оваа реченица е исказ и неговата вредност е вистинита.
  • Реченицата: Бројот 3 е убав број. Оваа реченица не е исказ, бидејќи за некој е вистинит, а за некој е невистинит.
  • Реченицата: Бројот 2 е непарен број. Оваа реченица е исказ и неговата вредност е невистинита.

Отворен исказ[уреди | уреди извор]

Потоа, отворен исказ е реченица со променлива која станува исказ кога се заменува конкретна вредност за променливата.[3] Оваа дефиниција може да се обопштува за повеќе променливи.

Примери:

  • Реченицата:  x-2≥5  е отворен исказ. Еден можен исказ тука би бил: „За  x=10 , x-2≥5 .“ (Овој исказ е вистинит.)
  • Реченицата:  а2>b2  е отворен исказ со две променливи. Еден можен исказ тука би бил, „За  a=b, а2>b2.“ (Овој исказ е невистинит.)

Отворени искази се користат во многу дисциплини. На пример:

  • Во математика: Функцијата, односно равенката на праватаа: y=2x-1 е отворен исказ кој е вистинит за сите точки (x,y) кои „лежат“ на правата.
  • Во програмирање: Условот: If(x>x*x). Изразот по условот If, т.е.(x>x*x) e oтворен изказ кој е вистинит за сите вредности х каде што x>x2, односно x такви што 0<x<1.
  • Во работни табели како Excel® и Calc®: Формулата: =A1<>"Пеце" e отворен изказ кој е невистинит само ако ќелијата А1 го содржува текстот Пеце.


Искази и теореми[уреди | уреди извор]

Искази во теоретска математика обично се нарекуваат теореми или претпоставки и треба да се докаже нивната логичка вредност, т.е. дали се вистинит или невистинит. (Види теорема.)

Пример: Нека a и b се должините на катетите, а c нека е должината на хипотенузата на еден правоаголен триаголник во рамнина. Тогаш a2+b2=c2 е исказ, т.н. Питагорова теорема која може да се докаже како вистинит.


Булова алгебра и искази[уреди | уреди извор]

За работење со искази се користи т.н. Булова алгебра и Булови, т.е. логички симболи.

Симболи за логичка вредност текст програмирање Геогебра[4] Excel®[5]
логички „вистинит“ 1 true TRUE
логички „невистинит“ 0 false FALSE

Логички споредби[уреди | уреди извор]

Искази можат да бидат едноставни споредби на броеви, т.е. реченици со еднаквост, нееднаквост, поголемо, поголемо или еднакво, помало или помало или еднакво. Kако што е типично во математичко образование - објаснуваме со (чисти) искази, но во живот споредби најчесто се прават со отворени искази (искази со променливи). Ова претставува проблем само кај споредба за еднаквост каде што даваме додатно објаснување.

  • Реченицата: 5≥4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 поголемо или еднаково на 4? и пишуваме одговор: Да. или Вистинита. или математички: (5≥4)=⊤.
    • Програмски имаме: (5>=4) има вредност 1.
  • Реченицата: 5<4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 помало од 4? и пишуваме одговор: Не. или Невистинита. или математички: (5<4)=⊥.
    • Програмски имаме: (5<4) има вредност 0.
  • Реченицата: 5≠4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 нееднако на 4? и пишуваме одговор: Да. или Вистинита. или математички: (5≠4)=⊤.
    • Програмски имаме: (5!=4) има вредност 1.
  • Реченицата: 5=4 е исказ.
    • Кога ја бараме нејзината логичка вредност, читаме: Дали е 5 еднаково на 4? и пишуваме одговор: Не. или Невистинита. или математички: (5=4)=⊥.
    • Програмски имаме: (5==4) има вредност 0.
  или  

Забелешка: Често пати, логичка споредба за еднаквост специјално се означува, т.е. не се користи само знакот за еднаквост! Во другите логички споредби непосредно се користи соодветниот споредбен оператор, т.е. едноставно во исказ или во отворен исказ се користи знакот за поголемо, поголемо или еднакво, помало, помало или еднакво или нееднакво. Тоа е бидејќи е релативно јасно - дури и кога се отворени искази - дека овие реченици се споредбени искази и дека се бара нивна логичка (Булова) вредност.

  • Реченицата х>3 е отворен исказ каде што се праша дали (тековната) вредност на променливата х е поголема од 3.
  • Реченицата x=3 ја доделува вредноста 3 на променливата х, т.е. оваа реченица не е исказ.

За да се разликува доделувањето од споредувањето често пати во текстови се користи знакот , т.е. знак за еднаквост со прашалник над него[6], а во програмирање се користи знакот ==, т.е. два знаци за еднаквост.

  • Реченицата x≟3 не се доделува вредност, туку е отворен исказ каде што се праша дали (тековната) вредност на x е еднаква на 3.
Симбол за споредба текст програмирање Геогебра Excel®
„поголем“ > > >
„поголем или еднаков“ >= или >= >=
„помало“ < < <
„помало или еднаков“ <= или <= <=
„нееднакво“ != или != <>
„еднакво“ или == или == =


Логички оператори[уреди | уреди извор]

Бидејќи искази се реченици кои имаат логичка или Булова вредност[7], т.е. секој исказ е или вистинит или невистинит, може да се користат Булови оператори, односно логички оператори со нив. Секој од овие оператори има свој математички симбол и соодветна табела на вредности.

Симбол за логички оператори текст програмирање Геогебра Excel®
„негација“ ! not NOT
логички „и“ && and AND
логички „или“ ∣∣ or OR


Негација[уреди | уреди извор]

Негација е унарен оператор на исказ.

  • Булов симбол за негација е ¬ и одговара на поимот „комплемент“ од теоријата на множества.
  • Во повеќето програмски јазици, симбол за негација е „!“.

Нека р е исказ. (Унарен значи дека треба само еден исказ.)

Неформално, логичката вредност на ¬p е обратната вредност од логичката вредност на p.

Пример: Нека p=(5>4). Тогаш p=⊤, а логичката вредност на ¬p=⊥. Накратко се пиши ¬(5>4)=⊥.

Табела вредности за операторот: Негација
Ако   Тогаш Со зборови
  Ако p е вистинат исказ, тогаш ¬p е невистинат исказ.
  Ако p е невистинат исказ, тогаш ¬p е вистинат исказ.


Логички „и“[уреди | уреди извор]

Логички „и“ е логичка конјункција и е бинарен оператор на искази.

  • Булов симбол за логички „и“ е ⋀ и одговара на поимот „пресек“ од теоријата на множества и по значење и по образ.
  • Во повеќето програмски јазици, симбол за логички „и“ е „&&“.

Нека p и q се искази. (Бинарен значи дека треба два искази.)

Неформално, исказот pq е вистинит само ако и p е вистинит и q е вистинит, т.е. двата искази се вистинити. 

Пример: Нека p=(5>4) и q=(5-1≠4) Тогаш p=⊤, а q=⊥. Следува (pq)=⊥.

Оператор:   (и)
Ако Ако   Тогаш
 
 
 
 


Логички „или“[уреди | уреди извор]

Логички „или“ е е логичка дисјункција и е бинарен оператор на искази.

  • Логички симбол за логички „или“ е ⋁ и одговара на поимот „унија“ од теоријата на множества и по значење и по образ.
  • Во повеќето програмски јазици, симбол за логички „или“ е ||

Нека p и q се искази. (Бинарен значи дека треба два искази.)

Неформално, исказот pq е вистинит ако или p е вистинит или q е вистинит или двата се вистинити.

Пример: Нека p=(5>4) и q=(5-1≠4) Тогаш p=⊤, а q=⊥. Следува (pq)=⊤.

Оператор:   (или)
Ако Ако   Тогаш
 
 
 
 


Формална логика[уреди | уреди извор]

За комплетност, објаснуваме уште два бинарни оператори на искази кои се користат само во формална логика, а во кои се користи терминологија која има различно значење во обичната математика. За да не дојде до заблуда, најпрво се објаснува обичното значење на терминологијата.

Импликација: Во обична математика[8], најчесто се користи зборот „имплицира“ како зврзувачки збор. На пример, А имплицира B го има значењето „Ако условот А е исполнет, тогаш условот В е исполнет.“ Пишуваме

.

Пример: Ако a>b тогаш ab, односно:

.

Меѓутоа, во формална логика импликација се дефинира како оператор меѓу два искази со следната табела на вредности.

Формален оператор: ⇒
Ако p Ако q   Тогаш pq
 
 
 
 


Еквиваленција: Во математиката[9], најчесто се користи изразот „е еквивалентно со“ како зврзувачки израз. На пример: А е еквиваленто со B го има значењето „Условот А е исполнет ако и само ако условот В е исполнет.“ Пишуваме

.

Пример: a>b aко и само ако ba

Пример: Еден четириаголник е квадрат ако и само ако неговите дијагоналите се складни и се сечат под прав агол.

(Еден четириаголник е квадрат.) ⇔ (Дијагоналите на еден четириаголник се складни и се сечат под прав агол.)

Меѓутоа, во формална логика еквиваленција се дефинира како оператор меѓу два искази со следната табела на вредности.

Формален оператор: ⇔
Ако p Ако q   Тогаш pq
 
 
 
 


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Clapham, C.; Nicholson, J. (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics, Statement“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 747. конс. Септември 2013. 
  2. Eccles, Peter (1998). An Introduction to Matematical Reasoning. Cambridge University Press. ISBN 978-0521597180. 
  3. Roberts, Charles (2009) (на англиски). Introduction to Mathematical Proofs: A Transition. Chapman and Hall. стр. 47. ISBN 1420069551. 
  4. Geogebra Institute и Институт за Геогебра на МКД (превод) (2013). „Булова вредност“ (македонски). конс. Септември 2013. 
  5. French, Ted. „Excel IF Function Step by Step Tutorial“ (англиски). конс. Септември 2013. 
  6. „Question mark (in Mathematics)“ (англиски). Wikipedia. конс. Септември 2013. 
  7. Clapham, C.; Nicholson, J. (2009). „Oxford Concise Dictionary of Mathematics, Boolean“ (PDF) (англиски). Addison-Wesley. стр. 99. конс. Септември 2013. 
  8. Weisstein, Eric W. (2013). „Implies“ [Импликација] (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. конс. Септември 2013. 
  9. Weisstein, Eric W. (2013). „Equivalent“ [Еквиваленција] (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. конс. Септември 2013. 


Поврзани теми[уреди | уреди извор]


Надворешни линкови[уреди | уреди извор]