Инцидент во Керчкиот Проток (2018)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Украинскиот реморкер Јани Капу нападнат од рускиот патролен брод Дон за време на инцидентот, снимка на украинската безбедност, гледано од камера на еден од двата украински артилериски бродови

На 25 ноември 2018 година дошло до судир меѓу воените морнарици на Руската Федерација и Украина во Керчкиот Проток.[1] Во судирот учествувале три украински бродови, потоа сите запленети, и десетина руски бродови, поддржани од летала на руското воено воздухопловство. Поради несогласување во соопштенијата на инволвираните во судирот, истиот сè уште не е со точност јасен за јавноста. По судирот дваесетина членови на украинската морнарица биле лишени од слобода, според Украина заробени, а според Русија уапсени и чекаат судска одлука.[2][3] По предлог на претседателот на Украина Петро Порошенко, украинскиот парламент поради судирот прогласил воена состојба во 10 погранични области во рок од 30 дена, почнувајќи од 28 ноември.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Русија заплени три украински бродови кај Крим, Украина најави воведување воена состојба“. Сакам Да Кажам (македонски). 25 ноември 2018. конс. 27 ноември 2018. 
  2. „Порошенко ја повика Русија да ги врати заробените украински бродови“. Нова Македонија (македонски). 26 ноември 2018. конс. 27 ноември 2018. 
  3. „Притвор за двајца украински морнари во Русија“. Радио Слободна Европа (македонски). 27 ноември 2018. конс. 27 ноември 2018. 
  4. „Украина прогласи воена состојба во период од 30 дена“. Радио Слободна Европа (македонски). 26 ноември 2018. конс. 27 ноември 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]