Интеф I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Интеф I
Антеф, Инјотеф, Анјотеф, Аниотеф, Енјотеф
Серек на Интеф I на кој пишува „Хор Сехертави“, напишан посмртно за него од страна на Ментухотеп II во храмот Монту кај Ел-Тод, денес во Египетскиот музеј.
Фараон на Египет
Владеел4 до 16 години, 2134—2118 п.н.е.,[1] околу 2120 п.н.е. или околу 2070 п.н.е.[2], 11-та династија
ПретходникМентухотеп I
НаследникИнтеф II
Татконепознат, најверојатно Ментухотеп I[4]
МајкаНеферу I
ЗакопанСаф гробница кај Ел-Тариф[4]

Сехертави Интеф I — локален номарх во Теба за време на раниот Прв среден период и првиот член на 11-та династија кој имал Хорово име. Интеф владеел од 4 до 16 години околу 2120 година п.н.е. или околу 2070 година п.н.е., и за тоа време тој веројатно водел војна со неговиот северен сосед, коптскиот номарх Тјаути. Интеф бил погребан во саф гробница кај Ел-Тариф, познат денес како Саф ел-Даваба.

Извори[уреди | уреди извор]

Интеф е познат со сигурност само од еден блиско современ споменик: два впишани блока од храмот Монту кај Тод, кои се подигнати за време на владеењето на Ментухотеп II. Блоковите го претставуваат Ментухотеп II свртен кон имињата на тројца негови предци кои се идентификуваат според нивното соодветно име и Хоровото име. Тоа се Интеф (I) Сехертави, Интеф (II) Ваханхк и Интеф (III) Нахт-неб-теп-нефер (иако во овој случај се зачувани само Хоровите имиња Сехертави и Ваханк).[5] Овој релјеф го покажува наследувањето на кралевите од 11-та династија.

Нема современи споменици што можат со сигурност да му се припишат на Интеф I.[6] Можен исклучок е краток натпис откриен во западната пустина: „трупите за напад на синот на Ре, Интеф “. Во оригиналното објавување на натписот, овој крал Интеф е идентификуван со Интеф I, иако како можност е предложен и Интеф II. Натписот се наоѓа во близина на натпис нарачан од современиот коптски номарх по име Тјаути).[7]

Владеење[уреди | уреди извор]

Дворот на саф гробницата на Интеф I, кај Саф ел-Даваба

Сехертави Интеф I бил првиот член на неговата династија кој ја презел фараонската титула со Хоровото име Сехертави, што може да се преведе како „Создател на мирот во двете земји“, „Тој што донесе смиреност во двете земји“ и „Миротворец на две земји“.[8] Родители на Интеф можеби биле Ментухотеп I и Неферу I.

Преземајќи Хорово име со обете круни, Интеф се прогласил за владетел на целиот Египет. Сепак, другите номарси на Египет го оспорувале неговиот авторитет, меѓу кои главни биле владетелите на 10-та династија во Хераклеополис Магна, кои исто така сметале дека им припаѓа титулата фараон, како и нивниот моќен сојузник Анктифи, номарх од Хиераконполис и верен следбеник на династијата Хераклеополит.[9] При неговото доаѓање на тебанскиот престол, Интеф веројатно владеел само со Тебанската (четврта) област, но се претпоставува дека откако го победил Анктифи или еден од неговите наследници, Интеф ги стекнал трите дела од југот на Теба, до Елефантин и на север сите територии јужно од границата со коптската област. Алтернативно, ова можеби го постигна претходникот на Интеф, Ментухотеп I. Двете хипотези остануваат претпоставки со оглед на малата историска евиденција за овој период.

Гробница[уреди | уреди извор]

Погребниот комплекс на Интеф бил ископан на рид кај Ел-Тариф на спротивниот брег на Нил во Теба, и денес е познат како Саф ел-Даваба. Локалитетот Ел-Тариф содржи три монументални кралски гробници, познати како саф гробници. Написите пронајдени во едната гробница укажуваат на тоа дека таа му припаѓала на Ваханк Интеф II, наследникот на Интеф I. Од друга страна, во Саф ел-Даваба нема натписи, но го има најраниот вид керамика пронајден во Ел-Тариф и, поради оваа причина, најчесто му се припишува на Интеф I.[10] Саф ел-Даваба се состои од голем 300 на 75 метри пропаднат двор, поддржан од колонада што води до капела во мртовечница ископана во ридот и придрена од две комори. Под погребната капела била ископана погребната комора на Интеф I.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Redford, Donald B., уред. (2001). „Egyptian King List“. The Oxford Encyclopedia of Ancient Egypt, Volume 2. Oxford University Press. стр. 626–628. ISBN 978-0-19-510234-5.CS1-одржување: ref=harv (link)
  2. Thomas Schneider: Ancient Egyptian Chronology - Edited by Erik Hornung, Rolf Krauss, And David a. Warburton, available online, see p. 491
  3. 3,0 3,1 Clayton, Peter A. Chronicle of the Pharaohs: The Reign-by-Reign Record of the Rulers and Dynasties of Ancient Egypt. Thames & Hudson. p72. 2006. ISBN 0-500-28628-0
  4. 4,0 4,1 Darrell D. Baker: The Encyclopedia of the Pharaohs: Volume I - Predynastic to the Twentieth Dynasty 3300–1069 BC, Stacey International, ISBN 978-1-905299-37-9, 2008, pp. 143-144
  5. Labib Habachi: King Nebhepetre Menthuhotep: his monuments, place in history, deification and unusual representations in the form of gods, in Mitteilungen des deutschen Archaeologischen Instituts, Kairo 19 (1963), fig. 22)
  6. Schneider, op. cit. p. 161
  7. John Coleman Darnell: Theban Desert Road Survey in the Egyptian Western Desert, Volume I, Chicago 2002, ISBN 1-885923-17-1, 38-46
  8. Nicholas Grimal, A History of Ancient Egypt (Oxford: Blackwell Books, 1992), p. 143
  9. Grimal, p.142
  10. Rasha Soliman: Old and Middle Kingdom Theban Tombs, London 2009 ISBN 978-1-906137-09-0, 31-35