Инвалидска количка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Модерна количка која се напојува од батерија

Инвалидска количка, често скратено само количка, е стол со тркала, кој се користи при отежнато или неможност за одење поради болест, повреда или хендикеп. Инвалидските колички ги има во широк спектар, за да ги задоволат специфичните потреби на своите корисници. Тие може да вклучуваат адаптации специјализирани за седење, индивидуализирани контроли и може да бидат специфичнo определени за одредени активности, како што е случајот со спортски колички и инвалидски колички за на плажа. Нјголемата разлика е помеѓу инвалидски колички напојувани на струја ("powerchairs"), каде погонот е овозможен од страна на батерии и електрични мотори, и инвалидски колички за рачно управување, кои се движат со туркање нанапред од корисникот/патникот со рака ("самоодни"), или од придружник кој ја турка од позадина.

Историја[уреди | уреди извор]

Опис на кинескиот филозоф Конфучиј во инвалидска количка, датира од ca. 1680. Уметникот можеби мислел на методи на транспорт типични за неговото време.
Nicolas Grollier de Servière (1596–1689) Wheelchair in his Cabinet of curiosities
Никола Гролие де Сервиер (1596-1689) Количка во неговиот Кабинет на куриозитети[1]

Најраните записи на мебел-возила се натписи пронајдени во камен во Кина и на детски кревет прикажан во frieze на грчки вазна, обата датираат помеѓу 6 и 5 век п.н.е.[2][3][4] Првите документирани возила со седишта користени за превоз на лица со посебни потреби датира три века подоцна во Кина; кинезите користиле градински колички или рачни колички со едно колце за да пренесуваат луѓе и тешки предмети.  Разлика помеѓу двете функции не се направила уште неколку стотина години, околу 525 н.е, кога слики од столици на тркала направени специјално за да пренесуваат луѓе почнале да се јавуваат во кинеската уметност.[5]

Иако Европејците по некое време развиле сличен дизајн, овој начин на превоз не постоел се до 1595 година[6] кога непознат пронаоѓач од Шпанија направил за Крал Филип II. Иако намерно личел на стол, со потпирачи за раце и нозе, дизајнот сè уште имал недостатоци, бидејќи немал ефикасен механизам за движење. Ова го прави дизајнот повеќе да личи на денешниот висок стол или преносен престол за богатите, отколку на денешната количка за лицата со посебни потреби.

In 1655, Стефан Фарфлер, 22-годишен часовничар со параплегија, го направил првиот самоподвижен стол на шасија со три тркала користејќи систем од лост и запчаници.  Сепак, направата повеќе личела на велосипед отколку инвалидска количка бидејќи дизајнот имал дршки на предниот дел.

Инвалидската кочија или ,,Bath Chair" ја донела технологијата во поголема секојдневна употреба околу 1760 година.[7]

Во 1887, ткн. колички на тркала се појавиле во Атлантик Сити, за да можат инвалидните туристи за да ги изнајмуваат. Наскоро, и здравите туристи почнале да ги изнајмуваат, со тоа што ги туркале слуги, како израз на нивниот статус, третман кој не го добивале тамуод каде што доагале. [8]

Во 1933 година Хари К. Џенингс, Постариот and неговиот инвалидизиран пријател, Херберт Еверест, двајцата машински инженери, ја измислиле првата инвалидска количка која била лесна, челична, пренослива и на преклопување.[9] Еверест претходно имал рударска несреќа, во која го скршил 'рбетот. Со Џенингс го препознале економскиот потенцијал на инвенцијата и потоа станале првите масовни произведувачи на инвалидски колички. Нивниот дизајн во форма на X сеуште е во широка употреба, иако со надградени материјали и други подобрувања. Идејата за Х дизајнот му дошла на Хари од преклопливите камперски столчиња, изротирани за 90 степени, кои со Херберт ги користеле.[се бара извор]

Видови на инвалидски колички[уреди | уреди извор]

Има широк избор на колички, кои се разликуваат според погонот, механизмите на контрола и технологијата која ја употребуваат. Некои инвалидски колички се дизајнирани за секојдневна потреба, други за определени активности, а трети за специфични потреби. Новини и иновации во оваа индустрија се релативно  чести, ,затоа што се премногу специјализирани или не се со пристапна цена за секого. Типичен пример за тоа во последните неколку години е iBot.

Види исто[уреди | уреди извор]

  • Подвижен скутер
  • Moторизирана количка
  • Рампа за количка
  • Инвалидска количка за танц/спорт
  • Wheelmap.org, проект за мапирање на интернет (собира информации од целиот свет за пристапност со инвалидски колички)
  • Lift chair

Видни прозводители на инвалидски колички[уреди | уреди извор]

  • Everest and Jennings
  • Küschall
  • Otto Bock
  • Invacare
  • TiLite
  • Mogo Wheelchairs
  • Sunrise Medical

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Nicolas Grollier de Servière Wheelchair in his Cabinet of curiosities, page 96 : Chaise très commode pour les boiteux, ou pour ceux qui ont la goûte aux jambes ; et par le moyen duquel on peut se promener dans un appartement de plein pieds, ou dans un jardin, sans le recours de personne, in Grollier de Servières, Gaspard (1719). Recueil d'ouvrages curieux de mathématique et de mécanique, ou Description du cabinet de M. Grollier de Servière : avec des figures en taille-douce, par M. Grollier de Servière. D. Forey, France. http://gallica.bnf.fr/ark:/12148/bpt6k65250757/f294.image. 
  2. „History of Wheelchairs“. http://www.wheelchair-information.com/history-of-wheelchairs.html. посет. 14 април 2017 г. 
  3. Koerth-Baker, Maggie. „Who Invented the Wheelchair?“. http://mentalfloss.com/article/20768/who-invented-wheelchair. посет. 14 април 2017 г. 
  4. Joseph Flaherty. „Putting the 'Whee!' Back in 'Wheelchair'“, Wired, 24 мај 2012.
  5. Maggie Koerth-Baker. „Who Invented the Wheelchair?“. Mental Floss Inc.. http://blogs.static.mentalfloss.com/blogs/archives/22329.html?cnn=yes. посет. 25 мај 2012 г. 
  6. Bellis, Mary. „History of the Wheelchair“. https://www.thoughtco.com/history-of-the-wheelchair-1992670. посет. 14 април 2017 г. 
  7. „A History of the World – Object : Bath Chair“. BBC. 2 септември 2012. http://www.bbc.co.uk/ahistoryoftheworld/objects/qcI7cMgiR0qmLnD_QPyIGQ. посет. 19 ноември 2012 г. 
  8. Johnson, Nelson (2012-02-01). Boardwalk Empire: The Birth, High Times, and Corruption of Atlantic City (Kindle издание). Independent Publishers Group. стр. 28. 
  9. Everest, Herbert A., Jennings, Harry C., Sr., "Folding wheel chair", US Patent 2095411, 1937