Импулс (списание)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Импулс — македонско списание за популаризација на физиката[1]. Во него се објавувани написи од историјата и од актуелната проблематика на физиката, задачи за учениците од основните и средните училишта и информации за активностите на ДФМ од интерес за школската популација. Од 1977 до 2006 година се отпечатени 52 броја, на вкупно 2.200 страници. Во одредени периоди тиражот надминувал десет илјади примероци. Главни уредници биле Славко Бахчеванџиев, Мирјана Јоноска, Ѓорѓи Ивановски и Доне Гершановски.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска библиографија: Статии и прилози. МАНУ. 1987.