Прејди на содржината

Доне Гершановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доне Гершановски
Роден 18 март 1949
Покрвеник, Ресенско, НР Македонија СР Македонија
Занимање научник и универзитески професор

Доне Гершановски (Покрвеник, Ресенско, 18 март 1949) е истакнат македонски физичар и универзитетски професор.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Гершановски е роден на 18 март 1949 година во ресенското село Покрвеник. Основно образование завршил во Царев Двор во 1964, гимназија во Ресен во 1968 г. Во 1973 г. се здобил со високо образование: дипломиран инженер по физика, на Институтот за физика Архивирано на 3 јануари 2017 г., Природно-математички факултет, Скопје. Постдипомски студии завршил во 1981 г. на Институтот за физика на ПМФ, со одбрана на магистерскиот труд:“Расејување на светлинатаод раствори наTobacco Moсaic Virus”. Во 1985 г. на Институтот за физика, ПМФ, Скопје, ја одбранил докторската дисертација под наслов:”Испитување на катјонски комплекси на ДНК со оптички и електро-оптички методи”. Во 1974 г. е избран за асистент на Институтот за физика при ПМФ, Скопје, во 1986 г. за доцент, во 1991 г. е избран за вонреден професор, а во 1996 г. за редовен професор на Институтот за физика. Во 2001 г. е преизбран во звањето редовен професор[мртва врска]. Одржувал настава по предметите: атомска физика[мртва врска], оптика[мртва врска] и јадрена физика со физика на елементарните честички (за студентите по физика), биофизика за студентите на Медицинскиот факултет, физички методи и уреди во медицината, радијациона физика и општа фотографија за студентите од Високата школа за рендген - технолози. Одржувал настава на постдипломските студии по физичка оптика и медицинска физика. Главни подрачја на научен интерес му се оптика и електрооптика и јонизирачки зрачења. Се занимавал и со дозиметрија и заштита, и со физика на честичките. Досега има објавено 52 научни и 57 научно-стручни трудови: дел од нив во списанија надвор од Македонија. На научни манифестации досега има презентирано (усно или постер) вкупно 32 научни труда, од кои надвор од Македонија 15. Автор е на 4 универзитетски учебници и учебни помагала и на 6 средношколски учебници. Бил главен уредник на научното списание Physica Macedonica од 2001 до 2003г., член на Издавачкиот совет на научното списание Билтен на Друштвото на физичарите на Р Македонија.
Раководел со 5 научноистражувачки проекти, од кои 3 биле меѓународни, а бил учесник уште на два меѓу¬народни и на еден домашен проект

Научно подрачје, поле и област

[уреди | уреди извор]

Професорот Гершановски престојувал шест месеци во 1983 г. на Универзитетот во Лиеж (Белгија);
во 1984 г. еден месец во Институтот за медицински истражувања во Загреб;
во 1984 г. две недели на Меѓународната школа за биофизика во Купари (Хрватска); во 1985 г. еден месец во Меѓуна¬родниот институт за теориска физика во Трст (Италија);
во 1987 г. две недели на Физичкиот факултет при Универзитетот во Софија (Бугарија).
Во 1988 г. имал двонеделен престој на Физичкиот институт при Јагиелонскиот универзитет во Краков, Р. Полска;
во 1998, петдневен престој во ISA Institute for Storage Ring Facilities, University of Aarhus, (Danmark);
во 1998 г., десетдневен студиски престој на Universite Catholique de Louvain, Faculte de sciences, Departement de Physique, Louvain-la Neuve;
во 2000 г. едномесечен студиски престој воDepartement de Physique, Universite de Caen, Basse -Normandie, и
во 2003 еден месец во Меѓународниот институт за теориска физика во Трст, Италија.

Професорот Гершановски бил раководител на Заводот за оптика и спектроскопија при Институтот за физика,
раководител на Институтот за физика, ПМФ,
од 1999 до 2001 г., а во периодот од 1995 до 1997 г. бил продекан на Природно-математичкиот факултет.
Бил член на Претседателството на Републичкиот синдикат на работниците од образованието, науката и култу¬рата,
претседател на Универзитетската синдикална организација (1986-90);
член на Државната комисија за заштита од јонизирачки зрачења; член на Меѓународниот одбор на ТЕСЛА - акцелераторски систем, Винча, Белград (1998-2000), и
претседател на Школата млади физичари при Институтот за физика.

Избран е за декан на Природно-математичкиот факултет во мандатниот период 2009-2013.

  1. „Проф. д-р Доне Гершановски“. Институт за физика. Посетено на 2013-02-26.[мртва врска]