Мирјана Јоноска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мирјана Јоноска
Родена 5 март 1938
Скопје, Кралство Југославија
Занимање физичарка и универзитетска професорка

Мирјана Јоноска (5 март 1938 во Скопје) — македонска физичарка и универзитетска професорка на Природно-математичкиот факултет во Скопје.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Докторирала на ПМФ во 1975 година со тема за дифракција на кружните препреки со асиметрична траспаренција и фаза. Специјализирала во Брајтон. На ПМФ, покрај професор по општа физика, електромагнетизам и демонстрациони експерименти од физика, била и продекан на Факултетот за физика (1979-1981), како и претседател на ДФМ, од 1986 до 1988 година.

Во својата кариера има објавено над 100 статии од полето на физичката оптика и повеќе од 100 стручни трудови, средношколски и универзитетски учебници.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Јон“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 646. Text "series " ignored (help)