Прејди на содржината

Илкли Мур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карпа на Илкли Муру
Карпа на Илкли Муру

Илкли Мур (англиски: Ilkley Moor) е брдо во западниот дел на Западен Јоркшир. Највисокиот врв е висок 402 метри над нивото на морето.

Геологија

[уреди | уреди извор]

Во тек на Карбонскиот период (пред 325 милиона години), Илкли Мур бил дел од мочурливото подрачје во кое течеле реки и кои се вливале во северниот дел од морето. Во тек на долгиот временски периоди седиментите формирале карпи. Од крајот на карбонскиот периодот дошло до ерозии и повеќе од илјади метри карпи се однесени од подрачјето.

Вонземјанско видување

[уреди | уреди извор]

На 1 декември 1987 година еден пензиониран полицаец го сликал пејзажот околу регионот. Отако направил неколку фотографии, тој видел дека некој е во близина. Кога пошол да види кој е тоа, наводно видел мало зелено суштество[1]. Кажал дека било високо око 1,2 метри , дека имало три големи прсти на рацете и дека има остри уши. Кога суштеството го видело почнало да бега но тој успеал да го фотографира. После самото фотографирање суштеството брзо побегнало позади еден брег. После тоа полицаецот видел чуден предмет во облик на чинија која одлетала, и суштеството го снемало. На фотографијата се гледа чудно суштество кое изгледа исто онака како што тој го опишал. Фотографите не се сигурни дали на сликата е прав вонземјанин или е тоа кукла.

  1. „The Ilkley Moor Alien“. ufocasebook.com: Alien Contacts Index. Посетено на 12 март 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]