Илин - Диме Димовски
Илин — Диме Димовски е македонски музичар кој свири на контрабас.
Образование
[уреди | уреди извор]Димовски ги започнал музичките студии во Скопје, во класата на проф. Благој Маротов, а потоа продолжил во Британија, во средното музичко училиште „Wells Cathedral School“ под менторство на Давид Хејес, како и во престижното музичко училиште „Guildhall School of Music and Drama“ во класата на проф. Ринат Ибрагимов. Најпосле, специјализацијата ја завршил на конзерваториумот „Г. Тартини“ во Трст, во класата на проф. Стефано Скјакја. Во текот на своето образование, тој учел и со професорите Мстислав Ростропович, Давиде Амодио, Енрико Касаза, Давид Долан, Давид Такено, Сергеј Крилов, Фабио Нидер итн.[1]
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]Димовски е вработен во Филхармонискиот оркестар на градот Загреб, а исто така, тој е постојан соработник на Радио симфонсикиот оркестар на ХРТ, како и постојан гостин на: Хрвтаскиот барокен ансамбл, Загребските солисти, Ансамблот за современа музика „Кантус“ и Хрватскиот камерен оркестар. Покрај тоа, тој соработува и со меѓународниот оркестар „No Borders Orchestra“ и со италијанскиот симфониски оркестар „Сан Марко“ од Порденоне во кој свири како прв контрабасист. Во својата кариера, Димовски настапувал со голем број оркестри, како: „Mozart Orchestra di Bologna“ под водство на Клаудио Абадо, со „La Nuova Orchestra da Camera Ferruccio Busoni“ од Трст, „I Solisti Veneti“, „La Serenissima“, „National Jeugdt Orchester of the Netherlands“, Камерниот оркестар на МММ итн. Најпосле, тој е добитник на неколку национални и меѓународни музички награди.[2]