Идентификација на повик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првиот идентификатор на повик

Идентификација на повик (англиски: Calling Line Identification Presentation, CLIP) – дополнителна телекомуникациска услуга која им се нуди на повиканите корисници која на повиканиот корисник му го презентира бројот на повикувачкиот корисник.[1]

Функционален опис[уреди | уреди извор]

Оваа дополнителна услуга им се нуди на повиканите корисници. Таа на повиканиот корисник му го претставува бројот на повикувачкиот корисник. Кога некој корисник ќе ја добие оваа услуга, нему му се презентираат броевите од сите дојдовни повици, освен од оние кога повикувачкиот корисник ја активирал дополнителната услуга „забрана за идентификација на повик“ или ако оваа информација не ѝ е достапна на дестинациската централа.

Прикажувањето на бројот се врши на самиот телефонски апарат доколку истиот ја поседува оваа функционалност, или на посебен уред кој ја има таа функционалност.

Технички опис[уреди | уреди извор]

Зависно од телефонската мрежа, се користат различни техники за презентација на бројот на повикувачкиот корисник.

Фиксна аналогна мрежа[уреди | уреди извор]

Во фиксната аналогна телефонска мрежа, телефонската централа го обезбедува бројот на повикувачкиот корисник и истиот го испраќа до уредот на повиканиот корисник во фазата на ѕвонење пред истиот да ја подигне микротелефонската комбинација (слушалката). Во најголем број на земји овој пренос се врши меѓу првото и второто ѕвонење.

За модулација се користат повеќе начини, а најчести се модулацијата со фазно поместување и V.23 или со тонски сигнали.

Мобилни мрежи[уреди | уреди извор]

Мобилните мрежи засновани на системот ГСМ, како и поновите засновани на системот УМТС, ја поддржуваат оваа услуга.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Македонија услугата е воведена во средината на деведесеттите години на 20 век со пуштањето во сообраќај на дигиталните централи EWSD и Alcatel E10[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ITU-T Recommendation Q731.3, page 1
  2. Костовски, Ристо (1998). Македонска пошта, Македонски телекомуникации. Скопје: Ми-Ан. стр. 161. ISBN 9989-613-03-6.

[[Категорија:* Биометриски пасош