Забрана за идентификација на повик

Од Википедија — слободната енциклопедија

Забрана за идентификација на повик (англиски: Calling Line Identification Restriction, CLIR) – дополнителна телекомуникациска услуга која им се нуди на повикувачките корисници за да се оневозможи презентирањето на неговиот број на повиканиот корисник.[1]

Функционален опис[уреди | уреди извор]

Оваа дополнителна услуга им се нуди на повикувачките корисници. Таа го оневозможува претставувањето на бројот на повикувачкиот корисник на повиканиот корисник.

Начин на користење[уреди | уреди извор]

Услугата по потреба може да се активира или деактивира со внесување на соодветен код.

  • Активирање: * 31 #
  • Деактивирање: # 31 #

Откако ќе се внесе кодот мора да се добие говорна порака или тон за потврда дека услугата е активирана или деактивирана.

Историја[уреди | уреди извор]

Во Македонија услугата е воведена во средината на деведесеттите години на 20 век со пуштањето во сообраќај на дигиталните централи EWSD и Alcatel E10[2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. ITU-T Recommendation Q731.3, page 9
  2. Костовски, Ристо (1998). Македонска пошта, Македонски телекомуникации. Скопје: Ми-Ан. стр. 161. ISBN 9989-613-03-6.